Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Османи во Ријад на средба со Ал Сауд

Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава како и пласман за нашите земјоделски производи на саудискиот пазар
 
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на првата официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, оствари средба со министерот за надворешни работи, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, што воедно претставува и прва средба на министри за надворешни работи од воспоставувањето дипломатски односи.
 
На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и начините за нивно понатамошно унапредување, при што беше изразено задоволство од соработката во рамки на мултилатералните организации. Соговорниците разменија мислења за модалитетите за развој на економските и бизнис релациите, согласувајќи се дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката на полето на прехрамбената индустрија, туризмот и енергетиката. 
 
“Денешната посета претставува потврда на заемната посветеност на развојот на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена. Пред нас се отвараат големи можности за понатамошно интензивирање на размената на прехрамбени продукти и земјоделски производи, особено имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храната во овој регион и нашиот потенцијал за кој ни се потребни нови пазари.” – истакна Османи
 
Воедно, Османи ги нагласи интензивните активности во доменот на економската дипломатија и посветеноста на креирањето поволни услови за странските инвеститори, подвлекувајќи дека саудиските инвеститори во Владата на Северна Македонија ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.
 
Соговорниците разговараа и за можностите на унапредување на договорната рамка, парламентарната соработка како и соработката на полето на културата и образованието.
 
Османи го брифираше Ал Сауд за неодамнешното членство на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, претстојното претседавање со ОБСЕ и европското досие на земјата, а стана збор и за теми од регионален и меѓународен интерес.

Соопштение

Министерството за надворешни работи, исто како што и претходно реагираше, и овој пат ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов.  Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање на нови канцеларии на Културно-информативниот центар како и во пресрет на Бизнис форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави.  Во исто време, сакаме да упатиме апел до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности.

Osmani meets Aggeler

Foreign Minister Bujar Osmani has received Ambassador Brian Aggeler, Head of the OSCE Mission to Bosnia and Herzegovina. Today’s thematic meeting has focused on the priorities of North Macedonia’s upcoming OSCE chairmanship 2023, among which Osmani has highlighted the strengthening of the field missions and the increased care of the organisation for the region of Southeast Europe. In that context, Osmani has underlined, among other things, the important role of the OSCE in building a stable and democratic Bosnia and Herzegovina. “We highly appreciate your assistance in strengthening the democratic capacities of the institutions of Bosnia and Herzegovina and your efforts to build confidence and safety in the period following the signing of the Dayton Agreement,” Osmani has said. At the same time, the Minister has pointed out that as a future OSCE Chair, from January next year, North Macedonia will be deeply committed to the principles and fundamental values of the organisation, but will also make additional endeavour in responding to the current security challenges in our region and beyond.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more