Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

"30 години независност - ретроспектива на надворешната политика"

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, по повод 30-годишниот јубилеј од Денот на независноста, на 7-ми септември 2021 година, организираше прва архивска изложба, насловена „30 години независност - ретроспектива на надворешната политика". Целта на изложбата е да даде сеопфатна и длабинска слика за надворешната политика на Република Северна Македонија од нејзината независност до денес, којашто преку документи, записи и фотографии, ги прикажува почетоците, развојот и достигнувањето на нашата земја на меѓународната сцена. Во присуство на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации, поранешни министри за надворешни работи, како и други носители на јавни функции, поздравно обраќање имаше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. “Со оваа изложба, Министерството за надворешни работи започнува нов концепт за соодветно изложување на дипломатските архивски документи, записи и наследства кои се од значење за домашната и странската јавност. Наша заложба е преку натамошни тематски изложби на дипломатскиот архив да го комплетираме проектот за создавање Музеј на основни архивски документи од значење за државата, оддавајќи почит на несебичната и одлучна посветеност и поддршка на граѓаните во остварувањето на стратешките приоритети и цели на Република Северна Македонија.”- истакна Османи. Соодветно на приликата,по повод Денот на независноста, неколкумина министри за надворешни работи од Регионот и пошироко, упатија поздравни видео обраќања кои беа презентирани на настанот. Пред одржувањето на настанот, министерот Османи ги покани претставниците на медиумите на пред-премиера на споменатата изложба, на која преку краток хронолошки осврт ги брифираше новинарите за најзначајните достигнувања на надворешната политика на Северна Македонија од осамостувањето до денес.  

Скопје, 9 септември 2021 год.

Османи од Ватикан: Одбележувањето на овој јубилеј е дел од исполнувањето на аманетот што ни го остави Мајка Тереза, светицата од Скопје, светицата на светот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва во Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што за прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“. „Денеска, кога ја празнуваме оваа светица, ние се потсетуваме и на нејзиното наследство, на нејзиниот завет. И овој денешен настан, е дел од исполнувањето на заветот. Мајка Тереза е и Нобеловка и светица – може ли да се постигне повеќе во еден кус човечки век?! A секогаш ќе остане Мајка на сиромашните, страдалниците и безнадежните. За многумина, таа беше единствената искра надеж. Со редот на милосрдието, Мајка Тереза спасуваше безбројни животи, враќајќи им ја стрдалниците на човечкото достоинство, будејќи ја, истовремено, секогаш на дремка подготвената совест на Човештвото.  Таа постојано потсетуваше дека светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов, за признавање, за почитување, за топол човечки збор. Со сето тоа, Мајка Тереза си изгради жив споменик, потраен и повеличествен од сите наши споменици“, истакна Османи. Говорејќи пред присутните гости, за животот и делото на Мајка Тереза, Османи дополни дека младата Гонџа растела опкружена со сета етничка, верска, јазична и културна различност на Скопје, меѓу католичка и православна црква, муслиманска џамија и еврејска синагога. Таа ги имаше прегрнато вредностите на нашиот модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста. Затоа, често велела: „Ако не беше Скопје, ќе ме немаше и мене“.  Скопје, со сета своја различност ја имаше подготвено младата Гонџа за големите различности и предизвици што ги сретна во Индија. „Не случајно нејзиниот портрет стои гордо во мојот кабинет; тој ме потсетува на вредностите што ни ги остави, да научиме да живееме заедно со сите наши, етнички и идеолошки разлики. Верувам дека единствениот вистински начин да ја покажеме нашата почит кон неа е ако го исполнуваме овој нејзин завет“, заклучи Османи. Министерот Османи, во светло на одбележувањето на овој значаен јубилеј оствари средба и со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер. На средбата беше констатирано дека врските меѓу двете земји се цврсто втемелени врз заедничкото споделување важни личности и настани од глобално духовно значење. Соговорниците се согласија дека успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и честите посети и средби чија круна беше апостолската посета на Папата Франциск пред две години, отвора широки можности за интензивирање на секторската соработка. Освен за перспективите на меѓусебните релации, министерот Османи и монсињор Галагер разговараа и за проактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог како мост за одржлива коегзистенција на верските различности и традиции.  

Ватикан, 6 септември 2021 година

Соопштение

Министерството за надворешни работи, ја известува јавноста дека согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово, во сите Амбасади и Мисии во странство ги спушти знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост. Во исто време, информираме дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more