Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

СРЕДБА ОСМАНИ – ЕСКОБАР ВО ЊУЈОРК

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.   Соговорниците изразија задоволство што Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД веќе ги дава првичните резултати под формата на американски грантови наменети за зајакнување на владеењето на правото, културата и одбраната. Ваквиот развој на соработката претставува уште една потврда за долгогодишното сојузништво и силно стратешко партнерство меѓу двете земји.    “Посветено работиме на дефинирање на идните активности кои произлегуваат од стратешкиот дијалог и имаат за цел зајакнување на рефомските процеси и гарантирање на демократскиот напредок и просперитет на земјава. Благодарни сме за континуираната американска поддршка низ годините, со посебен акцент на нашиот евроинтегративен процес како особено значаен за целокупната регионална стабилност.” – истакна Османи.   Воедно, на средбата беше поздравено сојузништвото меѓу двете земји во рамки на НАТО, при што беше истакната поддршката за Украина и заедничките заложби за одбрана на современите демократски принципи и вредности, како и силна осуда за руската воена инвазија.  

Османи на трансатлантска работна вечера во Њуjорк

Во организација на Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања во Стејт департментот, на маргините на 77-то Генерално собрание на ОН, во Њујорк се одржа традиционалната годишна Трансатлантска вечера. Во фокусот на разговорите беа актуелните предизвици со кои се соочува трансатланстската заедница, со посебен акцент на последиците од руската воена агресија врз Украина, справувањето со енергетската криза, зголемување на отпорноста на демократиите, како и приоритетите за дејствување во трансатлантските односи.   Во своето обраќање, Османи го поздрави единството на НАТО сојузниците во однос на бескомпромисната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, воедно нагласувајќи ги досега преземените низа чекори и мерки во одговор на руската агресија, од страна на Северна Македонија како кредибилна членка на Алијансата.   Дополнително, Османи ја нагласи потребата од забрзување на евро – атлантските интеграции на земјите од регионот на Западен Балкан, како значаен влог во регионалната, но и европската стабилност.   “Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е особено значајно во насока на обезбедување стабилен и отпорен регион во актуелниот несигурен геополитички контекст. Воедно, со цел зачувување на регионалната, европската, но и трансатлантската безбедност се налага и потребата од засилен ангажман и присуство на НАТО и САД на нашите простори.” – заклучи Османи.  

Средба Османи – Кулубаев

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генералното собрание на ОН, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Киргистан, Кулубаев Жинбек.

На средбата стана збор за  актуелните  глобални безбедносни предизвици, при што Кулубаев ги претстави видувањата на Киргистан во однос на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан.

Министерот Османи ги поздрави постигнатиот прекин на огнот и последователните напори за мирно решавање на кризата.

Истовремено, посочи дека Севeрна Македонија како членка на ОБСЕ Тројката и иден претседавач го поддржува ангажманот на полското претседателство и генералната секретарка за намалување на тензиите и стабилизација на состојбата.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more