Директорат за поддршка на активностите на Министерот, Заменик министерот и Државниот секретар


Директор: Паскал Стојчески

Директоратотза поддршкаа на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите на министерот, заменик-министерот и државниот секретар; ја организира и координира комуникацијата со медиумите и средбите со претставници на медиумите и социјалните мрежи; врши аналитичко истражување и стратешко планирање; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  


Сектор за организација и координација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар

Секторот за организација и координација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира работите и задачите што се однесуваат на организација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар и обезбедува стручна, техничка и административна поддршка за нивна реализација; подготовка на учеството на министерот, заменик-министерот и државниот секретар на седниците на Владата и Собранието и нивните работни тела; комуникација со медиумите и организирање средби со претставници на медиумите; изготвување, уредување, ажурирање и публикување на информации за веб страниците на министерството и претставништвата, како и за профилите на министерството на социјалните мрежи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за организација и координација на активностите на министерот, Одделението за организација и координација на активностите на заменик министерот и државниот секретар, Одделението за соработка со кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија и Одделението за односи со јавност.


Сектор за аналитичко истражување и стратешко планирање

Секторот за аналитичко истражување и стратешко планирање подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на аналитичко истражување, обработка на податоци, аналитички прегледи и информации за актуелните надворешно-политички, економски и други релевантни текови во светот; предлага ставови и приоритети од областа на надворешната политика; го изработува Стратешкиот план на министерството; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија и меѓународни институти од областа на надворешната политика; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за аналитика и геостратешки истражувања, Одделението за стратешко планирање и Одделението за дипломатски архив.

Последно ажурирање: 19 февруари 2020