Директорат за економска и јавна дипломатија


Директор: Шпреса Јусуфи

Директоратотза економска и јавна дипломатија донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и спроведува активностите што се однесуваат на економската дипломатија, јавната дипломатија, меѓународната соработка во културата, како и прашањата за состојбите и соработката со македонската дијаспора; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на Република Северна Македонија;обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи на државата; соработува со домашните стопански комори, здруженија и асоцијации;следи, анализира и информира за темите од негова надлежност; дава упатства и инструкции на претставништвата и почесните конзули на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.  


Сектор за економска дипломатија

Секторотза економска дипломатија подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на промоција и поддршка на економските интереси на Република Северна Македонија во странство; учествува во подготовка на економските стратегии за настап на домашни компании на трети пазари и привлекување странски инвестиции; следи, анализира и информира за развојот на економските политики и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; учествува во обуката на економските промотори; учествува во организирање стручни расправи, саемски манифестации, економски собири и настани за презентирање на економските потенцијали на државата; следи, анализира и информира за економскиот развој на државите и за меѓународните економски прашања, како и за развојната соработка и хуманитарна помош; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи на државата; соработува со домашните стопански комори, здруженија и асоцијации;подготвува упатства и инструкции на претставништвата и на почесните конзули на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата од неговиот состав; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за промоција и поддршка на економските интереси на Република Северна Македонија во европските и воневропските држави и Одделението за меѓународни економски прашања, развојна соработка и хуманитарна помош.


Сектор за јавна дипломатија. дијаспора и соработка во културата

Секторот за јавна дипломатија, дијаспора и  соработка во културата преку  трите одделенија ги координира активностите и задачите што се однесуваат на  Јавната дипломатија како начин на промовирање на нашите политики, надворешно-политички цели и интереси и сė друго што би придонело за поквалитетно информирање и подобра перцепција за Република Северна Македонија, при што на располагање се комуникациски средства преку кои директно може да се допре до посакуваната јавност. Во тој контекст, го поттикнува интересот за Северна Македонија како атрактивна дестинација за бизнис, инвестирање, туризам и образование. Понатаму, Секторот работи во правец на афирмација на нашите вредности и културни особености преку иницирање и спроведување на меѓународна соработка во културата, паралелно развивајќи интер-културен дијалог, разбирање и соработка не само со државни институции од сферата на културата, туку и пошироко, како на пример со граѓанскиот сектор, културно-информативните центри, лекторати и почесни конзули во земјата и во странство. Исто така, Секторот се фокусира на воспоставување и јакнење на врските со дијаспората, пред се, во насока на зачувување на нивниот културен и јазичен идентитет, преку реализација на концептите летен камп, проектно финансирање согласно јавниот повик на МНР и испраќање наставници за изучување на мајчиниот јазик, како и поттикнување на интересот на дијаспората за нејзино активно вклучување во севкупниот општествено-економски развој на нашата држава.

Последно ажурирање: 08 јануари 2020