Директорат за мултилатерални односи и безбедносна соработка


Директор: Тони Павлоски

Директоратот за мултилатерални односи и безбедносна соработка донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи активностите и задачите на Република Северна Македонија на планот на мултилатералните односи, особено во областите на мирот, безбедноста и човековите права, соработката во меѓународните и регионалните организации; го координира процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на Република Северна Македонија во меѓународните организации; следи, анализира и информира за развојот и односите на мултилатерален план; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата;дава упатства и инструкции на акредитираните мисии на Република Северна Македонија при овие меѓународни организациии ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва и меѓународните организации во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.


Сектор за Организацијата на Обединетите Нации (ООН) и човекови права

Секторот за Организацијата на Обединетите Нации (ООН) и човекови права подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите од членството на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите Нации и нејзините специјализирани агенции; активно учествува и предлага ставови во работата на органите и телата на Организацијата на Обединетите Нации; ги  координира активностите и задачите на Република Северна Македонија во областа на меѓународно-правната заштита на човековите права; го следи спроведувањето на меѓународно правните обврски на Република Северна Македонија за заштита на човековите права и учествува во активностите за нивна промоција и унапредување; следи, анализира и информира за политиката, активностите и развојот на системот на Организацијата на Обединетите Нации; соработува и ги координира активностите на надлежните институции и органи на Република Северна Македонија во нивните мултилатерални преговори и настапи; подготвува упатства и инструкции на постојаните мисии на Република Северна Македонија акредитирани при меѓународните организации и на претставништвата на Република Северна Македонија; соработува со акредитираните претставништвата на меѓународните организации и на државите членки на Организацијата на ОбединетитеНации во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.  Во рамките на овој Сектор се Одделението за Организацијата на Обединетите Нации (ООН) и специјализирани агенции на Организацијата на Обединетите Нации (ООН), Одделението за човекови права и Одделението за разоружување и контрола на оружје.


Сектор за Совет на Европа,  Организацијата за безбедност и соработка во Европа  (ОБСЕ) и други меѓународни и регионални организации

Секторотза Совет на Европа,  Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)  и други меѓународни и регионални организации подготвува годишни планови и извештаи за работата;ги врши и координира активностите и задачите од членството на Република Северна Македонија во Советот на Европа и Организацијата за безбедност и  соработна во Европа и активно учествува во работата на органите и телата на овие организации; следи, анализира и информира за политиката, активностите и развојот на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и  соработна во Европа; соработува со и ги координира активностите на надлежните институции и органи на Република Северна Македонија во нивните мултилатерални преговори и настапи;следи, анализира и информира за политиката и развојот на други меѓународни организации и го координира учеството на Република Северна Македонија во истите;подготвува упатства и инструкции на мисиите на Република Северна Македонија акредитирани при меѓународните организации и на претставништвата на Република Северна Македонија;соработува со акредитираните претставништва на меѓународните организации и на земјите членки во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за Совет на Европа, Одделението за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Одделението за Франкофонијата и други меѓународни и регионални организации.


Сектор за НАТО

Секторотза НАТО подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на  процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и го следи спроведувањето на политичките, безбедносните и одбранбените реформи во земјата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на надворешно-политичките аспекти од учеството во мисиите и операциите за поддршка на мирот, како и на безбедносната соработка во евро-атлантскиот простор; следи, анализира и информира за развојот и односите во НАТО; предлага ставови за актуелни безбедносни прашања и за придонесот на Република Северна Македонија во меѓународните активности за справување со современите безбедносни предизвици; соработува со и ги координира активностите на надлежните институции и органи на државата;дава упатства и инструкции на мисијата при НАТО и на други претставништва на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на државите членки на НАТО и со Советодавната канцеларија на НАТО во Република Северна Македонија;ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. Во рамките на овој Сектор се Одделението за НАТО и Одделението за политичко-безбедносна соработка.

Последно ажурирање: 03 март 2020