Заменик министер за Надворешни работи - Андреј Жерновски



Заменик министер за Надворешни работи - Андреј Жерновски


Андреј Жерновски е заменик министер за надворешни работи на Република Северна Македонија од 1 јуни 2018 година.


Професионална кариера

1996-2000: Заменик претседавач во Советот на Град Скопје;

2000-2002: Советник на Градоначалникот на Град Скопје;

2002-2011: Пратеник во Собранието, во чии рамки извршувал повеќе функции и надлежности;

Прв Ко-претседател на Мешовитиот Парламентарен Комитет 

Член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа во чии рамки бил:

Потпретседател и член на Комисијата за миграции, население и бегалци;

Член на Комисијата за политички работи;

Член на Комисијата за еднакви можности;

Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа на тема: „Недозволена трговија со мигранти за прислино вработување";

Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа на тема: „Барања за азил поврзани со родовата припадност";

Набљудувач на изборни циклуси во повеќе земји-членки на Советот на Европа;

Модератор и учесник на бројни меѓународни Конференции

Член на Комисијата за европски прашања;

Член на Националниот Совет за евроинтеграции;

Член на Комисијата за надворешна политика;

Член на повеќе пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на други држави.

2013 – 2017: Градоначалник на Општина Центар - Скопје


Политичка кариера

1994 - 2015:  Претседател на подмладокот, портпарол, потпретседател и претседател на ЛДП

2018 - Член на Ц.О. на СДСМ


Академски податоци

Дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј " во Скопје. Mагистрирал на Универзитетот „ФОН" на тема: „Улогата и влијанието на  Советот на Европа во развојот и остварувањето во поредокот на човековите права", под менторство на Проф. Д-р. Димитар Мирчев, со што станал магистар за европска и меѓународна политика и дипломатија.