Министер за Надворешни работи - Никола Димитров


Министер за Надворешни работи - Никола Димитров


„Основна мисија на нашата дипломатија е да гради мостови на пријателства, сојузништва и да отвора прозорци кон нови перспективи. Со водење конструктивна, конзистентна и координирана надворешна политика, имаме за цел да обезбедиме предвидлива и сигурна иднина за идните генерации. Се стремиме да изградиме модерно демократско општество и да обезбедиме место во друштвото на држави на кои се угледуваме, средени, демократски и слободни. Сакаме да создадеме услови да ги задржиме младите таленти дома. Да не го бараат европскиот пат во странство, туку да најдат европски начин на живот тука. Генерацијата што доаѓа има волја, сила и потенцијал да го изгради европскиот начин дома. Наша обврска е да го расчистиме патот кон таа цел.“


Професионален ангажман

2017 - Министер за надворешни работи

2009 - 2014 Амбасадор во Кралство Холандија и постојан претставник при Организацијата за забрана на хемиско оружје (2009-2014). 

2008 - 2011 Ко-застапник на Република Македонија во случајот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година)

2006 - 2009 Национален координатор за интеграција во НАТО

2007 - 2008 Специјален пратеник на Владата за европски и евроатлантски интеграции во Брисел

2003 - 2008 Специјален пратеник во разговорите со Грција

2001 - 2006 Вонреден и ополномоштен амбасадор во САД

2000 - 2001 Советник за национална безбедност на Претседателот

2000 Заменик министер за надворешни работи 


Образование

2012  Професионална обука, Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација - Универзитетот Харвард

1998  Магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ

1996  Дипломира на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј”