Средба на МНР Никола Димитров со МНР на Луксембург, Жан Аселборн

07 март 2020

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во понеделник (9 март 2020 год.) ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.

Посетата се реализира во пресрет на дискусиите на мартовскиот Совет за општи работи на ЕУ, при што фокус на разговорите ќе биде ставен на очекувањата и изгледите за донесување на одлуката за отпочнување пристапни преговори со ЕУ.

МНР Аселборн ќе биде запознаен со испорачаните суштествени и одржливи реформски резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од јуни 2018 година на Советот на ЕУ, што беше потврдено и во неодамнешниот вонреден извештај од Европската комисија, во кој е констатирано дека ЕК стои зад својата препорака за почеток на преговорите со Северна Македонија.

Во рамки на посетата, предвидено е министерот Аселборн да биде примен и од страна на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Информации за медиумите:

Понеделник, 9 март 2020 год.

  • 09:50                      Пристигнување во Министерството за надворешни работи
  • 09:55 - 10:05          Tête-à-tête средба
  • 10:10 - 10:30          Прес-конференција

Ве молиме своето присуство да го потврдите со претходно писмено барање за акредитација (вклучително име, медиум, позиција, телефонски број) испратено најдоцна до понеделник, 9 март, 8:30 часот на: [email protected]