„Виртуелна посета“ на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот на Република Северна Македонија

18 март 2020

Утре (четврток, 19 март 2020 год.) предвидена е „виртуелна работна посета“ на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот на Република Северна Македонија и негова средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Работната посетата првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање на одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори. Со оглед на глобалните состојби поврзани со пандемијата на COVID-19, предвидено e истата да се реализира на дигитален начин, односно со воспоставување на видео-конференциска врска, што претставува уште еден знак на силната германска поддршка и пријателство.

Притоа, во фокус на разговорот се очекува да бидат, покрај начините за справување со предизвиците наметнати од пандемијата, размена на информации за последниот статус на дискусиите и подготовката на заклучоците за процесот на проширување на ЕУ во пресрет на Советот на ЕУ за општи работи, засега предвиден за 24 март.

Го покануваме вашиот медиум да ја покрие прес-конференцијата, којашто е предвидено да започне во 10:30 часот, во холот на Министерството за надворешни работи.

Ве охрабруваме да дојдете без вашите сниматели за да ги следиме препораките за превенција и заштита од корона вирусот. Видео материјалот од настанот може да го преземете од нашиот стрим во живо.

Линк за следење во живо (македонски јазик): https://www.youtube.com/watch?v=VN058HsSe1E
Линк за следење во живо (германски јазик):  https://www.youtube.com/watch?v=XbzFqxDyO0M

Доколку и вашиот новинар не е во можност да присуствува на прес-конференцијата, прашањата може да ги испратете на [email protected] најдоцна до четврток (19 март), 9 часот.