Акредитации


УСЛОВИ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

Претставниците на странските медиуми во Република Северна Македонија може можат да добијат постојана и привремена акредитација.


1. Постојана акредитација

Постојаната акредитација е со важност од една година, а можат да ја добијат дописниците што престојуваат во Република Северна Македонија. Потребни документи за постојана акредитација:

  • Пополнет образец
  • Оригинално писмо од главната редакција, потпишан од уредникот (раководителот) на медиумот, со барање за акредитација на дописникот. Во писмото треба да се посочат името на дописникот, неговата должност во медиумот, телефони за контакти, факс, електронска пошта, адреса, број на новинарска легитимација.
  • Професионална биографија
  • Копија од страницата на валиден идентификациски документ (патна исправа или лична карта за граѓани од ЕУ) 
  • Фотографија во електронска форма

Процедурата за акредитација трае до 15 дена.


2. Продолжување на акредитација, потребни документи

  • Пополнет образец
  • Оригинално писмо од главната редакција, потпишано од уредникот (раководителот) на медиумот, со барање за продолжување на акредитацијата. Во писмото треба да се посочат сите барани информации како за прва акредитација
  • Фотографија во електронска форма
  • Стара акредитациска карта

3. Привремена акредитација

Привремената акредитација е со важност од 30 дена (со исклучоци до 3 месеци). Таа се дава на странски новинарски екипи, што престојуваат во Република Северна Македонија за краток период. Потребни документи за привремена акредитација:

  • Пополнет образец
  • Оригинално писмо од медиумот за целта на посетата
  • Кратка програма за посетата
  • Фотографија во електронска форма
  • Копија од страницата на патната исправа
  • Контакт-телефони

4. Акредитација на хонорарни дописници

  • Копија од објавени статии
  • Меѓународна прес-карта или друг документ (договор за работа и сл.) со што ќе потврди дека се занимава со новинарство
  • Фотографија во електронска форма
  • Копија од пасош

Испратете ги вашите барања за акредитации: [email protected]

Последно ажурирање: 15 септември 2022