Средба Османи – Грвала Шварц

21 октомври 2022
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес оствари средба со заменик-премиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Грвала-Шварц.
 
За време не разговорите беа потврдени блиските односи и соработка меѓу двете држави, како и посветеноста на заштита и негување на добрососедските односи. 
 
Беше констатирано дека без оглед на многу добрите показатели на економската соработка, постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфраструктурно  поврзување, но и во други области, како што се туризмот, културата, образованието.