Средба на МНР Османи со овластениот МЕНР на Република Албанија Гент Цакај

16 септември 2020

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи на 17 септември 2020 ќе оствари билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од Претседателот на Собранието Република Северна Македонија, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и други високи претставници на државата