Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Соопштение

Во врска со споменикот обележје за загинати 193 бугарски војници во Првата светска војна, во близина на траса на Експресниот пат Градско-Прилеп, делница “Фариш - Дреново", Кавадарци, за кој во медиумите се појавија обвинувања против Република Северна Македонија, дозволете да информираме за следното: Според извештајот на Управата за заштита на културно наследство – Министерството за култура, и Јавното претпријатие за државни патишта – Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија кои направија вонреден увид, констатирано е следново:  Прво, главниот споменик не потпаѓа под никаков режим на заштитен споменик или културно наследство, но и без тоа истиот се наоѓа во добра состојба, без оштетувања; Второ, околу споменикот постои земјоделско земјиште кое се обработува на начин што се заобиколува ова обележје; Трето,  споменикот е надвор од предвидениот појас за изведба на трајните работи истиот не е засегнат од било какви извршени градежни работи и по извршениот увид на терен е констатирано дека е без видливи оштетувања. Ситуацијата на теренот покажува дека во моментов споменикот е физички одделен од трасата на која се изведуваат градежни работина Експресниот пат Градско – Прилеп со заштитна ограда од времен карактер која ќе биде заменета со трајна заштитна ограда предвидена со Основниот проект за изведба. По изведба на оваа ограда слободниот простор меѓу истата и споменикот ќе биде околу 4 метра. По завршувањето на работите, до споменикот ќе има пристапен простор, со цел тој да биде достапен за заинтересираните посетители. Четврто, околу овој споменик нема гробишта или гробни места, а според увидот на терен, таквата состојба не се знае дали била различна во минатото. Околу 100 метра од овој споменик констатирано е дека има и втора помало обележје, чија меморија не е позната. Со утврдената фактичка состојба од надлежните институции, сакаме да ги отфрлиме сите обвинувања кои се појавија во јавноста, притоа и да упатиме апел до сите инволвирани поединци и институции да бидат внимателни и да не наседнуваат на очигледни провокации чија интенција е да ги загрозат добрососедските односи меѓу двете земји, и напорите на двете Министерства за изнаоѓање заеднички решенија за надминување на разликите. Посебно загрижува што трендот на појава на ваквите шпекулации во последно време се интензивира, што покажува дека се работи за организиран пристап на нивна злоупотреба за што сакаме дополнително да предупредиме на внимателност и одговорно однесување.  

 

 

Скопје, 15 октомври 2021 година  

Османи се сретна со амбасадорот на Бангладеш Али

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес се сретна со амбасадорот на Народна Република Бангладеш во Република Северна Македонија со седиште во Букурешт, Дауд Али.  Министерот Османи, на првата средба, по неодамнешното предавање на копиите од акредитивните писма преку видео платформа, му посака успех на амбасадорот Дауд Али, изразувајќи уверување дека со неговиот личен ангажман ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете земји. Беше истакнато дека и покрај географската дистанца, двете земји негуваат традиционално добри односи, додека Република Северна Македонија е подготвена да ја интензивира и зајакне соработката со сите земји од Јужна Азија во области од заедничка корист и интерес. Во тој контекст, соговорниците се осврнаа  на можностите за унапредување на билатералната соработка, пред се во договорната и економската сфера, како и на досешната успешна соработка на мултилатерален план.

Османи – Мортон: Премиерниот Совет за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, означува нова ера во развојот на односите меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички ко-претседаваа со  првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.  Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите меѓу двете земји кои негуваат долгогодишно партнерство во изминатите 28 години, кое се рефлектира преку силни пријателски односи.  “Отсега натаму, овој Совет ќе ја има улогата на координатор и контролор на работата на двете држави за предизвиците и начините за имплементација на одредбите од Спогодбата за соработка, која ја потпишавме пред само неполна година.Денес ние институционално, административно и технички, не само што обезбедивме континуитет на севкупната билатерална соработка со Обединетото Кралство и после Брегзит, туку слободно можам да кажам дека од денес создаваме и нови потенцијали за бизнисите; потенцијали и за нови странски инвестиции, но и можности за проширување на постоечките бизнис капацитети во земјава“, истакна Османи.  Обединетото Кралство, во изминатите десет години прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија, а размената меѓу двете земји веќе одамна ја надмина границата од една милијарда евра на годишно ниво. Минатата година и покрај влијанието на пандемијата, обемот на трговија се зголеми со оваа земја со што Северна Македонија стана нивниот најголем трговски партнер меѓу земјите од Западен Балкан.  На состанокот беше изразено задоволство и од континуираната успешна соработка во областа на одбраната, а како исклучително значајна е долгогодишната британска поддршка за јакнење на воените капацитети на нашата земја.  Беа разменети мислења и за други прашања од заемен интерес,  состојбите во Регионот и соработката во НАТО, како уште една алка на поврзување и соработка  на двете земји во иднина.   Двајцата министри за време на состанокот го усвоија и потпишаа Деловникот за работа на Советот за партнерство, трговија и соработка, а за нешто повеќе од една недела, на 21 октомври, ќе се одржи и првиот состанок на Комитетот за партнерство и трговија, како тело за технички и административен надзор за имплементација на Договорот, со што и формално ќе се заокружи процесот на институционална поставеност меѓу двете земји за идниот развој на севкупните билатерални односи.

 

Скопје, 14 октомври 2021 година

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе