Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Соопштение

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола. Цврста заложба на Министерството е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Македонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица  да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација. Тоа е право за секого, но и обврска за надлежните институции на државата, која е задолжена да ги почитува и штити правата и слободите на човекот и граѓанинот.  Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Коненцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата. Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика уште еднаш да ги охрабри сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација, како примарен начин за заштита на своите права и слободи. Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти.

Средба Исаки- Брнз

Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес оствари средба со  амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мери Брнз. Главна тема на средбата беа активностите околу организирањето на претстојната конференција „Жени во надворешната политика“ која ќе се одржи на 13 и 14.октомври во Скопје и на која се очекува присуство на високи функционери од поголем број држави. Се разговараше за панелите на оваа Конференција, кои ќе имаат заедничка тема : како да се зголеми улогата и влијанието на жените во надворешната политика, особено во сегашната кризна состојба. Заменик министерката Исаки и амбасадорката Брнз се согласија дека ова е исклучително важна тема за која досега малку е дискутирано, а поголемиот број влијателни жени во надворешната политика  може да има многу позитивно влијание врз меѓународните односи.                                          Скопје, 4 август 2022  година

Заедничко соопштение на МНР и МО на изјавата на портпаролката на руското МНР, Захарова

Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.  Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција. Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.  

3 август, 2022

 

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе