Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

+389 75 273 732

[email protected]

Latest news

Средба на МНР Димитров со новоименуваната амбасадорка на Германија, Анке Гизеле Холштајн

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е.  Анке Гизеле Холштајн, која во оваа прилика ги предаде копиите на акредитивните писма. МНР Димитров: „Покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години која посветено се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех - првата Меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Благодарни сме за досегашниот германски придонес во градењето консензус и донесување на позитивна одлука за започнување на преговори за членство во Европската Унија, во март ова година.“ Посакувајќи ѝ успех во вршењето на оваа должност, министерот Димитров оцени дека во изминатиов период се бележи исклучително динамичен билатерален политички дијалог и соработка во повеќе области од заемен интерес. Амбасадорката Холштајн ја повтори поддршката на Германија за реализација на нашите стратешки приоритети, подвлекувајќи дека иако германското претседавање со Советот на ЕУ е исправено пред најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ поврзан со заздравување на земјите погодени од коронавирусот, ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на нашиот Регион, а со тоа и да обезбеди стабилност и развој на Западниот Балкан. Соговорниците се осврнаа и на актуелните епидемиолошки состојби и здравствените предизвици со кои се соочува нашиот Регион и пошироко, при што министерот Димитров упати благодарност до Германија за нејзината досегашна помош за борба против пандемијата во нашата земја. На средбата стана збор и за подготовките за одржување демократски и фер предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

Учество на МНР Димитров на тркалезна маса со тема „Презентација на Извештајот за фундаментални права 2020: Евалуација на стандардите за човековите права во Северна Македонија низ призмата на Повелбата на Европската Унија за фундаментални права, во пресрет на отворањето на ЕУ пристапните преговори“

Утре (среда, 8 јули 2020 год.) со почеток во 10 часот на отворениот простор во Музејот на современа уметност во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи, Институтот за европска политика и Хелсиншкиот Комитет за човекови права, ќе се одржи тркалезна маса на тема: „Презентација на Извештајот за фундаментални права 2020: Евалуација на стандардите за човековите права во Северна Македонија низ призмата на Повелбата на Европската Унија за фундаментални права, во пресрет на отворањето на ЕУ пристапните преговори”. Воведни обраќања на темата ќе имаат министерот за надворешни работи Никола Димитров и Народниот првобранител и набљудувач во Агенцијата на ЕУ за фундаментални права, Иџет Мемети. Главен говорник ќе биде директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска, а презентации ќе имаат и претставници на надлежни институции и граѓански сектор. Се очекува дискусијата да ги опфати главните наоди во извештајот на Агенцијата на ЕУ за фундаментални права во однос на Република Северна Македонија, да се осврне на клучните предизвици во оваа област пред и во текот на пристапните преговори со ЕУ, соработка со граѓанскиот сектор при промоцијата и заштитата на човековите права, подобрувањето на капацитетите на институциите во насока на уживање на човековите права, примената на пристапот за човекови права во институционалните процеси, како и улогата на меѓународните инструменти, надзорни механизми и техничката соработка во функција на човековите права и фундаментални слободи. Настанот се организира водејќи се од компаративните практики во рамки на ЕУ за промоција на наодите од Извештајот на национално ниво, како и важноста од подигнување на свеста за работата на Агенцијата и Повелбата за фундаменталните права. Замолуваме медиумите најдоцна до утре до 8:30 часот наутро да најават присуство на новинари / сниматели / фоторепортери на следната е-меил адреса: pr@mfa.gov.mk Воедно, би сакале да ве информираме дека ќе бидат применети сите здравствени протоколи/мерки (носење на заштитни маски, соодветна дистанца, негруприрање на маргините од настанот итн.) релевантни за безбедна организација на ваков тип на настани. Во таа смисла меѓу другото, на учесниците/гостите на настанот при пристигнување ќе им биде мерена телесната температура, заради што препорачливо е да се дојде 15-тина минути пред почетокот на настанот.

Министерот Димитров на промоција на капитални изданија за македонскиот јазик во МАНУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик. По настанот, министерот Димитров изјави: За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување.” На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Nikola Dimitrov

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more