Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Соопштение

Министерството за надворешни работи активно соработува со здруженија и организации од невладиниот сектор и го поддржува нивниот ангажман, согласно постоечката законска рамка со која се уредува формирањето и делувањето на таквите здруженија. Уредувањето и општествените околности во Република Северна Македонија се меѓународно признаени како пример за тоа како треба да се заштитат малцинските права и да се негуваат различностите базирани на идентитетските колективни права.   Оттука Законот за здруженија и фондации, односно одлуките на Комисијата за употреба на имиња, уште еднаш би сакале да нагласиме дека не се насочени против уставно загарантираното право на здружување, туку против одлуките здруженијата да носат имиња на контраверзни личности, кои создаваат непријатност меѓу сите граѓани на земјата, и во оваа смисла Комисијата за употреба на имиња  носи мериторни одлуки согласно законските прописи и интенцијата да се зачува суштината на мултиетничкото општество.   Работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија, од друга страна, ја има целосната поддршка на институциите на Република Северна Македонија, но нејзината работа не е поврзана со Законот за здруженија и фондации, односно условите под кои се формираат и делуваат здруженијата на граѓани.   Северна Македонија има високо ниво на заштита и негување на правата и националните, јазични и културни особености на секоја заедница и тоа право не е ограничено, ниту би можело да се ограничи.

 

Средба Исаки- Казуја

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес оствари куртоазна средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Јапонија  во Скопје, Оцука Казуја . Заменик министерот за надворешни работи, Исаки му  посака на амбасадорот Казуја успешна дипломатска мисија, ветувајќи професионална поддршка при неговото извршувањето на должностите на  функцијата. На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална  соработка и можностите за нејзино унапредување. Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји  се на највисоко политичко ниво до сега и дека постои голем простор за зголемување на економската соработка. Беа разменети предлози и мислења за организирањето на активностите со кои во текот на оваа година би се одбележал јубилејот на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.   Притоа, беа истакнати приоритетите на Република Северна Македонија во рамките на внатрешната и надворешната политика и беа разменети  мислења за актуелни  регионални и меѓународни прашања.         

                       Скопје, 16 март 2023 година

Средба на Тосевски со Франгеш и Бјорнштад, специјални претставници за Западен Балкан

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Филип Тосевски, денеска, реализираше средба со специјалните претставници за Западен Балкан на Република Словенија, амбасадорот Анжеј Франгеш и на Кралството Норвешка, амбасадорот Арне Санес Бјорнштад. Во разговорите, беше изразено заемно задоволството од одличните односи и соработка на Република Северна Македонија со двете земји на билатерален план. Исто така, државниот секретар Тосевски истакна дека двете земји се исклучително важни партнери на Република Северна Македонија, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата. Во овој контекст, го поздрави Меморандумот потпишан со Амбасадата на Кралството Норвешка со кој се предвидува норвешка експертска поддршка за Владата на Република Северна Македонија во спроведувањето на надворешните безбедносни политики, пристапните преговори за членство во ЕУ, регионалната соработка и доброто владеење, што е дополнителна потврда за одлучноста на Норвешка за поддршка на Република Северна Македонија во нејзините напори за зајакнување на институционалните капацитети. Воедно, беше изразено задоволство од високото ниво на  политички дијалог со Република Словенија и благодарност за нејзиниот континуиран конструктивен пристап во остварувањето на нашите европски интеграции. Во тој контекст, беа разменети мислења за перспективите и предизвиците во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон Европска Унија во претстојниот период. На средбата, исто така, соговорниците беа запознати со приоритетите  во однос на нашето претседавање со ОБСЕ, со САД – Јадранската Повелба (А5) и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како и за актуелните состојби во Регионот во контекст на предизвиците кои ги создаде руската инвазија врз Украина.               

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more