Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Османи на зелена проштална средба со Тејада во градскиот парк

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска во Градскиот парк имаше зелена проштална средба со амбасадорката на  Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, која го завршува мандатот во земјава. „Високо ја вреднуваме Вашата дипломатска активност, поддршка и личен ангажман во изминатите години. Во наследство на земјата ќе останат  бројни и успешни проекти, благодарение на Вашата посветеност и континуираната билатерaлна поддршка од страна на Швајцарија, која датира од 1992 година“, истакна Османи На средбата соговорниците разговараа и за потенцијалите на најновата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани дури 72 милиони швајцарски франци за нашата земја. Овие средства наменети за трите тематски области: демократско управување; вработување и економски развој; инфраструктура и животна средина претставуваат значаен придонес и поттик за развој на општините и институциите во државата. Конкретно, истите ќе бидат наменети за инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализациските мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, за повеќе зеленило, повеќе паркови и многу други проекти Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, состојбите во Регионот и регионалната соработка и неговите европски перспективи.    

Скопје, 20 септември 2021 година

Osmani and Grvala signed an agreement on cooperation in the field of diaspora

The Minister of Foreign Affairs, BujarOsmani, and the Minister of Foreign Affairs and Diaspora of Kosovo, DonikaGervala-Schwartz, today signed an Agreement on cooperation in the field of Diaspora. The agreement was signed during the joint session of the Governments of the Republic of North Macedonia and the Republic of Kosovo in Skopje. This agreement enables the exchange of experiences and activities, taking into account the significant number of citizens from both countries living abroad. Today, 11 agreements and memoranda of cooperation were signed, which increased the existing number of 42 signed documents to 53.

Средба на ЗМНР Фатмире Исаки и државниот секретар Зоран Попов, со Петер Стараи, државен секретар за безбедносна политика во МНР на Унгарија

Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки и државниот секретар Зоран Попов, денес, имаа заедничка средба со државниот секретар за безбедносна политика во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Стараи, кој во Република Северна Македонија претстојува во еднодневна работна посета. Покрај билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија, на средбата беше дискутирано за процесот на интеграцијата во Европската унија и предизвиците со кои се соочува Северна Македонија на тој пат, како и други за регионални и мултилатерални прашања од интерес на двете земји.   Соговорниците изразија задоволство од интензивниот и континуиран политички дијалог меѓу двете држави, констатираа дека министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Унгарија посветено работат на продлабочување на соработката и поттикнување на развојот на севкупните односи меѓу двете земји. Во тие рамки, посебен ангажман се забележува во унапредувањето на економската соработка, кој останува примарен интерес на двете страни. Заменикот министер Исаки и државниот секретар Попов изразија благодарност за континуираната унгарска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја, со надеж дека истата ќе продолжи со засилено темпо во периодот кој следи и кој е исклучително значаен не само за нашата држава, туку и за перспективите на целиот регион, а со тоа и за стабилноста и понатамошното проширување на Европа. Беа разменети мислења за перспективите и важноста на усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската унија, што претставува прашање од стратешки интерес за Регионот и за Европа. Воедно констатираа дека, сојузништвото во НАТО отвора можности за уште попродуктивна билатерална соработка во повеќе сфери. Во оваа насока се заложија за вложување на дополнителни напори, со цел, искористување на ваквите можности Разменети беа и искуства и планови за активностите и напорите за справување со последиците и предизвиците на Пандемијата, која продолжува да влијае врз секојдневниот живот и економскиот развој. При тоа, повторена беше благодарноста на Северна Македонија за досегашната помош во вакцини и материјал од страна на Унгарија, што е уште една потврда за блиските пријателски односи.  

                                                 

                                                  Скопје, 16 септември 2021

 

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more