Ministère des Affaires étrangères

Notre engagement est de promouvoir et de représenter nos intérêts au niveau international. L'intégration euro-atlantique et européenne sont les principales priorités de notre travail, tout en plaidant pour une région sûre, stable et prospère, ainsi qu'en développant une coopération bilatérale et multilatérale plus large. Nous sommes un service aux citoyens, fournissant des services consulaires à nos citoyens à l'étranger.

+389 75 273 732

[email protected]

Actualités

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Амбасадор на Република Малта, Мери Шиклуна

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари видео средба со новоименуваниот амбасадор на Република Малта во Република Северна Македонија, со седиште во Ла Валета, г-ѓа Мери Шиклуна, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма. „Како прв амбасадор на Република Малта за нашата држава, од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, верувам дека со вашето дипломатско искуство и личен ангажман ќе дадете значаен придонес во продлабочувањето на односите“, истакна Османи. Соговорниците се осврнаа на претстојната посета на министерот Османи на Малта и средбата со неговиот колега, министерот Бартоло, што претставува уште една потврда за одличниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и можност за интензивирање на соработката. На средбата беше разговарано за засилувањето на економската и трговска размена, туризмот, како заедничка активност меѓу двете земји, а како мост за продлабочување на соработката претставува и бројната заедница од Северна Македонија во Малта.  Беа разменети мислења за перспективите на процесот на проширување на Европската унија, регионалната соработка како значајна алатка во напредокот на интегративните процеси, како и следните чекори и ангажмани од наша страна во насока на одржувањето на првата Меѓувладина конференција и формалното отворање на пристапни преговори за членство со Унијата.

Османи на средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Јaќимовиќ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, при што е изразена желба за зајакнување на соработката, особено на економски план, која заостанува на многу добрите политички односи. Се разговараше за перспективата на двете држави во однос на интеграцијата во Европската Унија и значењето што ова членство би го имало за стабилноста, просперитетот и  долгорочниот мир во регионот на Западен Балкан. На средбата стана збор и за актуелните здравствени предизвици и епидемиолошки состојби во двете земји  како и за мерките за справување со вирусот Ковид-19, како и можностите за укинување на пречките во движењето на нашите граѓани во двете држави.

Телефонски разговор Османи - Кулеба

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, оствари телефонски разговараше со неговиот украински колега, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Двајцата Министри се согласија дека Република Северна Македонија и Украина споделуваат заедничка визија за стабилна, обединета и просперитетна Европа. Во таа смисла, реафирмирајќи ја заемно приврзаноста кон европските принципи и вредности, Министрите се осврнаа на европските и евро-атланските интеграции на Република Северна Македонија и Украина, како и на можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Воедно, стана збор и за актуелните состојби во источна Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше јасната и недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи приота дека Северна Македонија поддржува целосна имплементација на договорите од Минск во согласност со напорите на Трилатералната контакт група и политичкиот процес на Нормандискиот формат врз основа на принципите и заложбите на ОБСЕ.

Ministre des Affaires étrangères de la République de Macédoine du Nord:

Bujar Osmani

Conseils pour voyager à l'étranger

Les conseils de voyage sont une source d'informations pour les citoyens voyageant dans d'autres pays. Ces conseils vous aideront à prendre des décisions concernant votre sécurité à l'étranger.

Lire la suite
Visiter la Macédoine du Nord

Lire la suite