Средба Исаки- Казуја

17 March 2023

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес оствари куртоазна средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Јапонија  во Скопје, Оцука Казуја .

Заменик министерот за надворешни работи, Исаки му  посака на амбасадорот Казуја успешна дипломатска мисија, ветувајќи професионална поддршка при неговото извршувањето на должностите на  функцијата.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална  соработка и можностите за нејзино унапредување. Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји  се на највисоко политичко ниво до сега и дека постои голем простор за зголемување на економската соработка.

Беа разменети предлози и мислења за организирањето на активностите со кои во текот на оваа година би се одбележал јубилејот на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.  

Притоа, беа истакнати приоритетите на Република Северна Македонија во рамките на внатрешната и надворешната политика и беа разменети  мислења за актуелни  регионални и меѓународни прашања.

        

                       Скопје, 16 март 2023 година