ЗМНР на Република Северна Македонија, г-ѓа. Фатмире Исаки учествуваше на 44-тиот Состанок на Советот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата за црноморска економска соработка, одржан во видео формат на 17 декември 2021 година

22 December 2021

На покана на потпретседателот на владата и министер за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморско економска  соработка, Заменик министерот за надворешни работи г-ѓа. Фатмире Исаки на 17 декември 2021 година учествуваше на 44-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка.

  Во своето обраќање ЗМНР Исаки ги повтори придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство и особено продлабочување на взаемното почитување, доверба и соработка.

 Информираше за активното учеството на претставници од државните институции во работните групи на Организацијата за црноморско економска соработка.

 Во својот настап пред министрите на земјите членки на БСЕК, Исаки се осврна на  потребата од заедничко справување со предизвиците со кои се соочува Регионот, со акцент на изнаоѓање начини за што поуспешно справување со последиците од КОВИД 19 преку заеднички иницијативи, мерки и партнерства.

  Во тој контекст ЗМНР Исаки ја нагласи важноста од стабилноста и соработката во Регионот, како и економските реформи и развојот на земјата и потенцијалите што ги нуди регионалната соработка во економскиот сектор.