Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Ministry of Foreign Affairs Position on European Parliament Resolution on North Macedonia

The Ministry of Foreign Affairs welcomes the adoption of the European Parliament Resolution on the Republic of North Macedonia at today's plenary session of the EP in Strasbourg. As before, under this Resolution, the European Parliament has sent out a clear political message about the importance of accelerating the European integration process and starting accession negotiations with North Macedonia immediately. The fact that the text of the Resolution was endorsed by a large number of MEPs is both encouraging and reflects the support that the Republic of North Macedonia enjoys by and across the wider political spectrum within the EU. It is particularly important that, in the Resolution, the European Parliament has reaffirmed the strategic importance of North Macedonia and the entire Western Balkan region, as well as their futures as part of the European family. The start of accession negotiations and EU membership is a strong investment in stability, not only for the countries in the region, but also for the EU, particularly within the current security context that Europe is facing. In this regard, we welcome the call of the European Parliament for overcoming bilateral issues outside the accession process, which is both in the spirit of and adheres to the principles of the accession process. The European Parliament has also recognized the progress that North Macedonia has been making in its domestic reform process, as well as its readiness to start accession negotiations with the EU immediately.

Skopje, 19 May 2022

Соопштение

Во рамките на соработка на Дипломатските академии на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Виенската дипломатска академија, и во коорганизација со Амбасадата на Австрија во Скопје, на 18 мај 2022., во Министерството за надворешни работи, беше реализирана посета на педесетина дипломати од единаесет земји кои ги следат дипломатските студии во ова  светски реномирана дипломатска академија, а предводени од  претседателот на академијата Н.Е. Емил БРИКС. На присутните им се обрати ЗМНР, г-ѓата Фатмире ИСАКИ, која  во својот настап се осврна на досегашната соработка со Дипломатската академија во Виена, каде што низ нејзините дипломатски курсеви и програми во изминатите 25 години, поминаа околу педесетина наши дипломати, образувајќи се и надградувајќи ги своите дипломатски знаења и вештини. Притоа, изрази благодарност за континуираната соработка и поддршката што Дипломатската академија ја дава, овозможувајќи соодветна обука и пракса за нашите дипломати за нивно стручно усовршување и справување со предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа во МНР или во нашите амбасади во светот. Во интерактивна дискусија младите дипломати од Виенската академија имаа можност да се запазнаат со активностите на Министерството за надворешни работи, чии активности беа претставени од страна на Директорите на Директоратот за односи со европските држави, Директоратот за воневропски земји, Директоратот за НАТО, Директоратот за Европската унија и Директоратот за воневропски земји. Посетата на младите дипломати на Виенската  дипломатска академија, претставува континуитет на одличните билатерални односи и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија и во делот на размената на дипломатските добри практики и „know-how“ искуства.  

Скопје, 18 мај 2022. година

„Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес конференција ги престави деталите за второто издание на Преспа форумот за дијалог, кој оваа година ќе се одржи на 16 и 17 јуни во Охрид.

„Колку е отпорен светот во кој живееме? Дали евроатлантската безбедносна архитектура, втемелена на структурите на НАТО и ОБСЕ, е подготвена да го одржи меѓународниот мир? Колку е регионот подготвен да ги издржи притисоците на современите предизвици? Во фокусот на дискусиите ќе доминираат актуелните теми, секако проектирани низ нашата регионална призма: градењето на отпорна безбедносна средина; зацврстување на стратешките партнерства; европската и евроатлантската перспектива на регионот, меѓусебната соработка, климатските промени и влијанија, итн.“ истакна Османи, најавувајќи ја темата на овогодинешното издание на Преспа форумот за дијалог - „Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“.

На овогодинешното издание на Преспа Форумот за дијалог, потврдени се видни гости од регионот и пошироко. На самото отворање на Форумот ќе се обратат Претседателот со Европскиот Совет, Шарл Мишел, потсекретарката на Обединетите Нации за политички прашања - Розмари ди Карло како и актуелната генерална секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит. Домаќин на отоврањето ќе биде Претседателот Пендаровски кој оваа година е покровител на настанот, а засега потврдено присуство имаат и Претседателите од Регионот, како што се Борут Пахор од Словенија, Вјоса Османи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора, како и Премерот на Косово, Албин Курти. „Од регионален аспект, особено е важно што на Форумот ќе присуствуваат и клучните Специјални претставници за регионот од САД, ЕУ, Обединетото Кралство и Германија; соодветно - заменик помошник секретар на САД Габриел Ескобар, потоа Мирослав Лајчак, Сер Стјуарт Пич и Мануел Сарацин. Тоа ќе биде за прв пат токму сите четворица специјални претставници за регионот да бидат присутни на едно место, или на еден панел, и тоа во посета на регионот. Она што е особено важно за нас е дека сите четворица во рамките на Преспа форумот за дијалог, ќе учествуваат на состанокот - Б6, со министрите за надворешни работи од регионот. “, истакна  Османи, посочувајќи на иницијативата Б6 која на негова иницијатива беше лансирана минатата година исто така за време на ПФД. На форумот веќе има потврда за учество и од бројни министри за надворешни работи, меѓу кои и Збигњев Рау од Полска, Грлиќ Радман од Хрватска, Иван Корчок од Словачка, Мевљут Чавушоглу од Турција, Бисера Турковиќ од Босна и Херцеговина, надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар на Светата столица за односи со државите и други. За време на конференцијата Османи го најави и овогодинешниот „ворм ап“ настан кој под насловот „Патот до Брисел“ ќе се одржи на 25 мај во Клубот на пратениците. На промотивниот настан потвредени се признати експерти и претставници на домашни, регионални и европски институти и тинк тенкови како што се Јоанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, Марија Симеонова од ЕЦФР, Милена Лазаревиќ од Центарот за европска политика во Белград, Ардијан Хачкај, директор на форумот за поврзување во Тирана, Демуш Шаша од Институтот за европска политика во Приштина, Јелена Џанкиќ од Центарот Роберт Шуман од Фиренца и многу други звучни имиња.  

Скопје, 18 мај 2022 година

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more