Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување на консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија.

 Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030.

 Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори.

 “Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење.“, нагласи Османи.

 Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата.

4 Јули, 2022

Соопштение

Министерството за надворешни работи ги осудува насилните и несоодветни постапки на дел од учесниците во синоќешните протести. Почитувајќи го правото на сите граѓани самостојно и слободно да го изразат своето негодување или револт преку протест, сметаме дека нема оправдување за ширење говор на омраза, извикување на навредувачки пароли и поттикнувањето тензии, како и прибегнување кон насилство и насилничко однесување врз објектот на Министерството.

Во истиот контекст, сакаме да посочиме дека е крајно несоодветно учеството на поединци вработени во Министерството за надворешни работи, на истите протести на кои се каменува куќата на дипломатијата, држејќи притоа дневно – политички говор, што преставува и директно прекршување на етичкиот кодекс, но и целосно омаловажување на дипломатската професија. За овие бројни прекршувања, согласно внатрешните процедури, Министерството ќе преземе соодветни мерки за заштита на вработените во куќата и дипломатската професија.

Би сакале да нагласиме дека претставници на синдикатите се секогаш вклучени при одлучување за правата и обврските на вработените во МНР, и како и досега, сите конструктивни забелешки се добредојдени и се земаат предвид.

Министерството за надворешни работи со должно внимание ги следи сите искажани ставови и препораки кои се дел од широкиот консултативен процес и тие претставуваат суштински инпут при креирањето на идните надворешно – политички чекори.

Средба Исаки- Ќехаја

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес,  оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, г-дин Флориан Ќехаја. На средбата изразено обостраното задоволство за одличната меѓусебна комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, соработката во повеќе области од заемен интерес,. Потврдена е заедничката посветеност кон европските принципи. Средбата беше искористена за размена на мислења и разгледување на можностите за унапредување на билатералната соработка, која се остварува веќе со значаен интензитет и содржини преку конкретни проекти и иницијативи. Таквата постојна состојба ќе ги потврди и ќе ја поттикне заемната волја за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.  Заедничка беше констатацијата дека економската соработка претставува еден од приоритетите во надворешната политика на двете земји, област каде постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој во насока на постигнување економски развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфрастуктурно  поврзување, но и во други области, трговијата, туризмот, културата, образованието.

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе