Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со најновата одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележана Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата  кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.  Со нов Ковид-протокол и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против Ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен Ковид 19 тест, не постар од 48 часа. За сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид 19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен тест за Ковид (не постар од 48 часа).  Истовремено, Владата на Хонг Конг Специјален Административен Регион донесе одлука за измена на условите за влез во Хонг Конг, согласно која Република Северна Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон.  Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.   Повеќе информации, на следниот линк: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Средба Османи – Генчовска: Новите мандати на двете влади нудат нова можност за засилување на динамиката на меѓусебните односи

 Во рамките на денешната официјална посета на висока владина делегација од Република Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари одделна средба со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

 На средбата беше поздравен обновениот дијалог меѓу двете Влади, како и значењето на продолжување на интензивната комуникација на високо ниво, при што беше изразено уверување дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи.

 Во фокус на разговорите беше претстојната заедничка седница на Владите, која ќе се одржи во Софија на 25 јануари, како и внесувањето на нова динамика во соработката преку примена на концептот на работни групи, при што се разгледани конкретни области во кои постои потенцијал за напредок. Со тоа двете земји ќе испратат јасен сигнал дека постои силна волја за исчекор и взаемно разбирање, во духот на добрососедството и европските вредности.

„Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме“, изјави министерот Османи по средбата, додавајќи дека е „важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес. 

 Соговорниците потврдија дека европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите-кандидати за членство, така и на земјите-членки на Европската унија. Ја изразија посветеноста кон процесот на приближување на регионот кон Европската унија и ја акцентираа важноста на добрососедството и регионалната соработка, како влог во заедничката европска иднина.

 Во однос на економската соработка, министрите го поздравија растот на трговската размена меѓу двете земји од 30% во текот на 2021 година и ги изразија своите очекувања дека во текот на 2022-та ќе се задржи позитивната стапка на раст на двете економии и трговската размена меѓу нив, како и позитивниот тренд во нови инвестиции, кои треба да бидат и поддржани од двете држави.

 Скопје, 18 јануари 2022 год.

Соопштение

Известуваме дека по интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе