Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Османи-Сијарто: Солидарност и силна поддршка на Унагрија за Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес во Скопје му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто за време на неговата работна посета на Република Северна Македонија. Целта на посетата, покрај можноста, двајцата хомолози да разменат мислења за развојот на односите меѓу двете земји, пред се беше во знакот наунгарската донација, која Сијарто лично му ја предаде на Османи. „Денешната унгарска донација од шест илјади дози од вакцината АстраЗенека е наменета пред сѐ за припадниците на Граничната полиција во состав на министерството за внатрешни работи на Северна Македонија. Донацијата е израз на благодарност на Република Унгарија за успешната соработка и улогата која нашата гранична полиција ја има во одржувањето на заедничката европска безбедносна политика. Овој пред сѐ хуман гест претставува и признавање за придонесот на нашата држава во справување со миграциските и безбедносните предизвици, кои сѐ уште се актуелни  и преставуваат отворено прашање за земјите членки и за цела Европа. Токму двете земји, преку својата соработка, даваат заеднички придонес кон стабилноста на целиот европски континент“, истакна Османи. Во однос на евро-интегративниот пат на Северна Македонија, Османи и Сијарто  разменија мислења за внатрешните политички процеси поврзани со реформската агенда, но и за состаноците во Брисел каде на различни нивоа во Европската унија беше разгледувано европското досие на нашата земја. Министрите се согласија дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Европската унијата и притоа многу често извршува улога и учествува како составен дел на системот и механизмите на Унијата.Во тој контекст, операционализација на веќе донесената одлука за почеток на преговорите, би требало да биде следниот логичен и симболичен чекор за валоризација на постигнувањата на државата.   Министерот Сијарто, уште еднаш, го нагласи противењето на Унгарија за обременување на процесот на проширување на ЕУ со внесување на билатерални прашања како и дека ќе продолжат со својата конзистентна и гласна поддршка за наредниот чекор на Северна Македонија кон ЕУ. Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивирањето на билатералната соработка, беше постигната согласност за меѓусебно признавање на националните КОВИД-19 сертификати со цел овозможување на непречено транзитирање и влез на вакцинираните граѓани на двете земји, како важна мерка за нормализација на состојбите во една нова пост-пандемиска фаза. За време на посетата на Сијарто се потпиша и Договор за соработка во областа на културата заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска.

Состанок на Мешовитата комисија за демаркација и обележување на државнатa граница меѓу Република Северна Македонија и Република Србија

На 10 и 11 мај 2021 година во Скопје, Република Северна Македонија се одржа Седумдесет и третиот состанок на Мешовитата комисијата за демаркација и обележување на државната граница меѓу Република Северна Македонијја и Република Србија. Состанокот од македонска страна го водеше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и Претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Мешовитата комисија, г-дин Зоран Попов. За време на состанокот беше потпишана изработената гранична документација (опис на државната граница и атлас на државната граница) за дел од Граничниот сектор IV од државната граница меѓу Република Северна Македонија и Република Србија и беа договорени идните активности во врска со спроведувањето на геодетски контролни мерења во Граничниот сектор VI, како и отпочнување со усогласување на катарската евиденција со официјалната гранична документација за граничните сектори V и VI од заедничката државна граница.  Двете страни изразија и подготвеност за отпочнување на актинвости за чистење на граничната линија во опсег од три метри од двете страни на заедничката државна граница, како и замена на оштетените или  исчезнатите гранични ознаки односно враќање во првобитна положба на оние кои се изместени. Наредниот состанок на Мешовитата комисија  ќе биде одржан  во втората половина на октомври 2021 година, во Белград, Република Србија.      

                                               

Средба Османи –Линде во Брисел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Брисел се сретна со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде. За време на разговорот, Османи и Линде разговараа за важните аспекти од европското досие на Северна Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на нашиот европски пат, за што Шведска конзистентно изразува поддршка. Во тој контекст беше пренесено дека Шведска се залага за напредување на секој кандидат во процесот согласно заслугите и резултатите, како и дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите критериуми, неопходни за отпочнување на преговорите со ЕУ. На средбата, Османи го презентираше и напредокот во клучните реформски области, подвлекувајќи дека нашата држава е одлучна да ги спроведе европските вредности и стандарди, не само заради натамошен напредок во евроинтегративниот процес, туку пред сѐ заради подобрување на секојдневниот живот на граѓаните на Северна Македонија. „Неодложно е потребното постигнување на консензус за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, заради доследно спроведување на одлуката за почеток на пристапни преговори. Ова не е важно само од аспект на валоризација на нашите постигнувања, туку и од аспект на задржување на кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ и поттикот што е потребен за европските перспективи на целиот регион“, истакна Османи. Министрите разговараа и за соработката во рамките на ОБСЕ со оглед на фактот што Шведска е актуелен претседавач со организацијата, а нашата држава ќе ја преземе палката во 2023 година. Беше договорено дека двете земји ќе соработуваат во еден партнерски однос во насока на целосно почитување на заедничките вредности врз кои почива ОБСЕ како што се човековите права, демократијата и владеењето на правото, како и во развојот на моделот на мултиетнички односи.

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе