Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

+389 75 273 732

[email protected]

Најнови вести

Заедничкиот управен одбор ги одобри приоритетите на за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации за 2021 – 2025

Заедничкиот Управен одбор за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации се состана денес, во проширен состав, со цел да ги разгледа и одобри стратешките приротитети и резултати за претстојната Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (ОН) 2021 – 2025. Состанокот е значаен исчекор во консултативниот процес на Рамката за соработка во насока на целосно усогласување со националните приоритети за одржлив развој. По дополнителни консултации во август и септември оваа година, Рамката ќе биде заеднички одобрена од Обединетите нации и од Владата на Северна Македонија. “Целта на денешниот состанок е да размениме мислења за стратешките области за соработка и посакуваните резултати во наредните пет години. Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и поодговорни институции”, истакна Зоран Попов, државен секретар во Министерството за надворешни работи. Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации е клучен документ за Обединетите нации во Северна Македонија, претставувајќи ја колективната понуда на системот на ОН за поддршка на земјата во остварување на целите за одржлив развој и агендата 2030. “Рамката за соработка не е само алатка за одговорност помеѓу ОН и Владата, туку и заложба кон граѓаните на земјата, особено оние што се најранливи и на маргините. Обединетите нации се радуваат кон продолжувањето на заедничките напори во наредните години за да ја доближат Северна Македонија до остварување на своите развојни цели”, рече Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. Со цел Рамката да ги рефлектира интересите и приоритетите на сите луѓе во државата, таа се изработува во партиципативен и консултативен процес, почнувајќи од анализа на контекстот на развој во земјата, стратешката приоритизација и нејзина операционализација преку годишните планови на УН агенциите и вклучените партнери. Новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 ги рефлектира исто така и повиците на генералниот секретар на ОН за забрзана акција во исполнување на Агендата 2030 преку Декадата за акција.

Димитров: „Иницијативата на новата Влада да донесе формална одлука за основање на Преспа форумот за дијалог, кој би претставувал своевиден меѓународен форум за дијалог, соработка и решавање на меѓународни спорови кои низ призмата на историскиот успех на Преспанскиот договор, би послужил како инспирација за идните генерации при надминување на разликите и отворените прашања “

Министрите Димитров и Адеми претставија два проекти за Преспа и преспанскиот регион   Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора и претседател на работната група за поддршка на преспанскиот регион, Едмонд Адеми денес го претставија проектот ЕУ за Преспа, финансиран од ЕУ, како и Преспа форумот за дијалог. МНР Никола Димитров нагласи дека Конечната спогодба (Преспанскиот договор) беше нашироко поздравен и препознаен од меѓународната заедница и демократскиот свет, и дека тоа што се чинеше невозможно и нерешливо речиси три децении, може да се надмине. „Европската комисија на денот на неговото потпишување објави:  „Скопје и Атина нè прават нас Европејците горди на способноста– преку дипломатија и дијалог да се најде win-win решение за прашањето со името кое  се развлекуваше со децении. Ова е инспирација за сите нас.“ Се премостија тридецениските разлики меѓу двата соседи, со искажување јасна волја за зацврстување на меѓусебната доверба, градење пријателство, но и како главен двигател во процесот на развивање на стратешко партнерство и сојузништво во рамките на НАТО и Европската Унија. Се решија разликите околу името и опсегот на неговата употреба. Решена е и употребата на кодовите на нашата држава. Покрај храброста и визионерството од двете страни, компромисот беше овозможен и со потврдување на клучните идентитетски одредници, вклучително и на нашиот македонски јазик”, рече Димитров. Иницијативата на новата Влада да донесе формална одлука за основање на Преспа форумот за дијалог, кој би претставувал своевиден меѓународен форум за дијалог, соработка и решавање на меѓународни спорови кои низ призмата на историскиот успех на Преспанскиот договор, би послужил како инспирација за идните генерации при надминување на разликите и отворените прашања”, заклучи министерот Димитров. Транскрипт од изјавата на МНР Димитров и одговорите на новинарските прашањаВо септември минатата година, Владата формираше работна група за поддршка на Преспанскиот регион, во која членуваат заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, претставник од СЕП, Министерството за животна средина и просторно планирање, за Локална самоуправа, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, двајца советници на Претседателот на Владата и Царинската управа.  Честа да ја водам групата ми припадна мене“, нагласи миистерот Адеми, претставувајќи ја иницијативата за проектот ЕУ за Преспа.  Вкупната сума на проектот, според Адеми е 18 милиони евра и средствата ќе бидат обезбедени од IPA III фондовите за 2021 г.. „Целта на проектот е да му понуди на регионот долгорочна и одржлива економска перспектива, а со тоа и задржување на младите во самиот регион. На терен, со одредени свои димензии, тој поставува ЕУ стандарди за градење и функционирање на истите, додаде Адеми. Тој исто така го претстави Преспа форумот за дијалог, кој се појавува како резултат на подобрениот меѓународен имиџ на државата, по потпишаниот преспански договор и одблокираниот евро-атлантски процес.Планот ни е, традиционално, секој 17 јуни, кога е потпишан е Преспанскиот договор, да организираме меѓународен форум за дијалог и соработка, на кој би поканиле што поголем број на светски и регионални државници и јавни личности. За тоа, следните месеци, по изборите, ќе ги дефинираме деталите, согласно претходната формална одлука на Владата”, рече Адеми. Според него, ако Словенија е позната по Бледскиот стратешки форум, Хрватска по Дубровник форумот, Германија со Минхенската безбедносна конференција а Швајцарија по Светскиот економски форум во Давос, Северна Македонија би била  позната по Преспа форумот за дијалог. Планирано е Преспа форумот за дијалог да биде сместен во мултимедијалниот центар, кој ќе биде изграден како дел од проектот ЕУ за Преспа. Визуелниот изглед на центарот беше претставен од архитектот Ивана Белчева.

Премиерот Спасовски и министерот Димитров: Со Преговарачката рамка за преговорите успешно е остварена уште една многу важна етапа во процесот на пристапување на нашата земја за членство во Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во своето обраќање на прес-конференцијата по повод утврдената Преговарачка рамка за преговори со ЕУ, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, истакна дека со тоа е остварена успешно уште една многу важна етапа во процесот на пристапување на нашата земја за членство во Европската Унија. „Со оваа одлука се потврдува дека нема отстапувања од процесот што е утврден. Поставени се рамките на патот што ја прават Северна Македонија уште поблиску до членство во Унијата. Интеграцијата на нашата земја во ЕУ го добива заслуженото забрзувањето за да се придружи кон семејството народи обединети околу европската идеја“, нагласи премиерот Спасовски и додаде дека оваа вест дојде по историската одлука на Европскиот Совет за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година. Претседателот на Владата Спасовски потенцираше дека пред нас се чекори што го забрзуваат процесот на европеизацијата на сите сегменти од нашето општество. Процес кој ќе помогне европските стандарди во сите области да ги оствариме и применуваме дома, во нашето општествено и политичко секојдневие. „За само три години, покрај реформите дома, нашата земја направи повеќе историски чекори и на меѓународен план. Ги направивме според највисоките стандарди на дипломатијата и на меѓународната политика. Тоа го препознаа сите водечки демократии во светот и ни оддадоа признанија достојни на држава која сега сите ја посакуваат за партнер. Станавме рамноправен сојузник на земјите членки во најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот - НАТО.  Од вчера го забрзуваме и процесот на интеграција во ЕУ. Ги откочивме процесите за двете стратешки определби на нашата земја, и ги направивме пресудни остварувања за само три години. Ретко кој во регионот покажал такви државнички перформанси, особено за земја која до 2016 година беше оценета како заробена држава“, рече Спасовски на прес-конференцијата по повод утврдениот предлог на Европската Комисија на преговарачката рамка за преговорите за членство на Северна Македонија со Европската унија. Премиерот Спасовски соопшти дека Владата ги донесе уште во јули 2019 сите потребни акти за формирање на тимовите за преговори, а нашите преговарачки тимови веќе го поминаа подготвителниот технички скрининг за сите поглавја, и дека сме подготвени во полн капацитет да ги почнеме и успешно спроведеме преговорите во брз рок. Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање до медиумите и јавноста нагласи дека Европската Комисија ја исполни својата задача и врз основа на новата методологија предложи преговарачка рамка што е поконкретна, подинамична, поверодостојна, која што на земјите членки им дава простор да учествуваат и тие директно со свои експерти во земјите во преговорите и да учествуваат со сопствен придонес кон извештаите за напредокот. „По вчерашната убава вест од Брисел, токму на првиот ден од германското претседавање со Советот на ЕУ и по усогласување на Преговарачката рамка и нејзино усвојување од страна на Советот, односно земјите-членки, следи првата меѓувладина конференција која што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу Северна Македонија и Европската Унија. За ова е потребна влада со политички мандат“, потенцираше Димитров на прес-конференцијата по повод утврдената Преговарачка рамка за преговори со ЕУ, која што заедно со претседателот на Владата Спасовски се одржа денеска.

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Никола Димитров

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе