Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Министерствата за економија и за земјоделие со свои претставници во економската дипломатија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска потпишаа спогодби за испраќање економски советници од Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од поширокиот проект за Економска дипломатија. „Уште на почетокот најавив дека ќе пристапиме со поединечно обликуван, или таканаречен ‘тејлор - мејд’ пристап за различните земји и региони. Во оваа смисла посебно ме радува фактот што проектот за Економска дипломатија фактички го шириме со вклучување на претставниците и од економските ресори, ставени под една дипломатска капа, со што верувам дека ќе обезбедиме најсоодветно економско присуство според спецификите на разните региони и експертизата на различните ресори. Очекувам во наредниот период да обезбедиме услови и за влез во третата фаза, преку која во Економската дипломатија ќе вклучиме и надворешни експерти и докажани професионалци од областа“, истакна Османи, потенцирајќи дека сите упатувања се дел од пилот – проектот за оваа година, од каде се очекува и првичниот инпут за успешноста од целиот процес и неговата целисходност за понатаму. „Очекувам нашите претставници во економската дипломатија да внесат поголема економска димензија во надворешната политика, притоа да ги прошират каналите за интензивирање на трговската размена, на отворање нови пазари за постојните компании, да обезбедат полесен и поинформиран пристап на потенцијалните странски инвеститори и со тоа да обезбедиме услови за уште поинтензивен економски раст“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. Во сличен тон и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ги потенцираше огромните потенцијали од унапредувањето на размената за земјоделието, преработувачката индустрија и производството на храна, за што веќе е создадена пристојна бизнис база и во земјата која доколку и се обезбеди соодветен пристап може компетитивно да се натпреварува на светските пазари. Со потпишувањето на меморандумите меѓу ресорите се најавија и првите економски советници од двете министерства кои ќе бидат испратени преку Министерството за надворешни работи. Од Министерството за Економија ќе бидат испратени економски советници во Женева со надлежност за Светската Трговска Организација, потоа во Брисел, со надлежност за земјите на БЕНЕЛУКС; во Генералниот Конзулат во Чикаго, со надлежност за регионот на таканаречните езерски сојузни држави (Илиноис, Мичиген, Висконсин, Индијана, Охајо и Минесота). Од Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство ќе биде испратен економски советник во Амбасадата во Рим, со посебна надлежност за организацијата за храна и земјоделие - ФАО, но воедно и со надлежност врз територијата на Италија; додека во подоцнежната фаза, во план е од Земјоделие да бидат испратени економски советници во други места соодветно на специфичните надлежности на овој ресор. Првата група економски советници беа избрани за Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби, а МНР Османи извести дека во тек е и конкурсот во рамките на МНР со кој ќе биде испратен и еден економски советник во Софија.

Учество на ЗМНР Фатмире Исаки на вториот подготвителен состанок на 29-от Форум за економија и животна средина

ЗМНР Фатмире Исаки учествуваше, како главен говорник на вториот подготвителен виртуелен состанок на претстојниот 29-ти Економски и еколошки форум на ОБСЕ, којшто се одржа на 10 и 11 јуни 2021 година, во рамки на шведското претседавање со ОБСЕ , а е посветен на „Промовирање на сеопфатна безбедност, стабилност и одржлив развој во областа на ОБСЕ преку економско зајакнување на жените“. ,,Родовата еднаквост е обврска и приоритет на нашата Влада и како таква, таа е дел од владината програма 2020-2024, како на национално така и на локално ниво,, -истакна ЗМНР Исаки, потенцирајќи го фактот дека Законот за спречување и заштита од дискриминација е усогласен со меѓународните стандарди, додека Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е усогласен со Истанбулската конвенција. Информираше дека во рамки на надлежното Министерството за труд и социјална политика во тек е подготовка на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година, со која се очекува да се подобрат механизмите за родова еднаквост на национално и локално ниво, како и формирање Центар за обука за родово одговорно буџетирање. ЗМНР информираше дека Владата на РСМ го признава значењето на женското претприемништво и истата ја поддржува од 2012 година, во тој контекст Владата ја промовираше Националната платформа за женско претприемништво како дијалог помеѓу Владата, ресорните министерства и приватниот сектор со цел сите да ги здружат силите во создавање на подобри услови за зголемено учество на жените во бизнисите. Во однос на воспоставена работна група за родова интеграција во надворешната политика, составена од етаблирани жени дипломати, со која се крева гласот за родова еднаквост, ЗМНР Исаки информираше за тековниот процес на подготовка на првата Конференција за родова еднаквост во надворешната политика, планирано да се одржи на 14 и 15 септември 2021 година.  

Работна посета на Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки на Република Хрватска

ЗМНР Фатмире Исакина 9 јуни 2021 година оствари средба во Министерството за надворешни работи со Државниот секретар за Европа на Република Хрватска, Андреја Метелко Згомбиќ. На разговорот беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и досегашната успешна соработка, како и заемната подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.  Соговорниците разменија мислења за можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со акцент на соработката на економски план, културната соработка како и активностите во насока на заштита и промовирање на правата на малцинствата во двете земји. Заменик министерот Исаки изрази благодарност за цврстата и безрезервна поддршка на Хрватска за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и во овој контекст, започнување на пристапните преговори на нашата земја со Европската Унија. На средбата беа разгледани и актуелните состојби во Регионот и пошироко, иницијативите за регионална соработка, актуелните предизвици во справување со пандемијата, при што хрватската страна извести за одлуката за донирањена 10000 вакцини за нашата држава зашто беше искажана благодарност од Заменик министерот Фатмире Исаки. ЗМНР Исаки истотака, се сретна и со Звонко Милас, Државен секретар од средишниот државен уред за Хрватите надвор од Р.Хрватска.Двајцата соговорници како ко-претседатели на Меѓувладината мешовита комисија која го следи спроведувањето на билатералната Спогодба за заштита на малцинства, ги дискутираа областите што ќе бидат разгледувани на претстојниот состанок на меѓувладината комисија.  Тие искажаа задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, за што значително придонесуваат и припадниците на малцинствата по потекло од двете држави.Беше реафирмирана заемна подготвеност за продолжување на добрата и конструктивна соработка во рамките на меѓувладината комисија и договорено, петтиот состанок да се одржи во Република Северна Македонија. Вотекотнапосетата, бешеостварена и со Ермина Лекај Прлјаскај, пратеник во хрватскиот Сабор, како и со претставници на повеќе здруженија, културни друштва и заедници од Загребачката, Приморско-горанската и Истарската жупанија, во кои активно партиципираат лица по потекло од нашата држава.  

 

 

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе