Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Телефонски разговор Османи - Реинсалу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, оствари телефонски разговор со новиот министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу.
 
Честитајќи му ја новата функција, министерот Османи изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и притоа ја реафирмира заложбата за развој на соработката, особено во сферата на дигитализација, користејќи го естонското искуство за модернизација и дигитализација на нашето општество.
 
Во фокусот на разговорите беше иднината на процесот на проширување на Европската Унија во светло на почетокот на преговорите со Република Северна Македонијa. Министерот Османи се заблагодари за континуирана и силна поддршка од Естонија, потенцирајќи ја историската важност од одржувањето на Првата Меѓувладина Конференција во Брисел, што претставува ново поглавје во односите со Европската Унија. Министерот информира и за идните чекори  и реформи кои престојат во Северна Македонија, а се поврзани со текот на преговорите и унапредувањето на добрососедските односи.
 
Министерот Реинсалу оддаде признание за носењето храбри одлуки за изнаоѓање решение за придвижување на европскиот процес и потврдување на европската иднина на нашата држава. Дополнително, ја реафирмира естонската поддршка на нашите евроинтеграции.
 
Беше поздравено нашето сојузништвото во НАТО, со посебен акцент на последиците врз Европа предизвикани од руската агресија врз Украина,  како и за улогата на Балтичките земји во сочувување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент.
 
Беа разменети и мислења околу идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година како и други актуелни прашања од доменот на надворешната политика.
 

Соопштение

Почитувани, Министерството за надворешни работи во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Република Бугарија, и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година. Презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот Претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект. Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји. Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа. Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза.

 

ПРОТОКОЛ од Првиот состанок на Меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија и препораките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, кои се однесуваат на истиот

ПРОТОКОЛ од Првиот состанок на Меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, потпишан на 1 август 2017 година во Скопје, што се одржа во Софија на 10 јуни 2019 година на следниот ЛИНК

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија на следниот ЛИНК

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе