
Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.
+389 75 273 732
[email protected]
Заменик министерот за надворешни работи Фатмире Исаки денес, на 01 март 2021 година, одржа средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија со седиште во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. Заменик министерот Исаки го изрази своето задоволство од константната и интензивна билатерална соработка меѓу двете земји, при што искрено се заблагодари за досегашната недвосмислена поддршка од Германија во процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија, како и во повеќе други општествени сектори. Таа го посочи недамнешното потпишување на Заедничката декларација за намерите за соработка меѓу Владите на Република Северна Македонија и покраината Северна Рајна-Вестфалија како уште една од алатките за продлабочување на мешусебната секторска соработка. Информира дека реформската агенда на Владата се одвива со несмалено темпо во насока на подобрување на перцепцијата за борбата против корупцијата, функционално судство, владеење на правото, транспарентни институции, како и дека се преземаат сите чекори за спроведување на овогодинешниот попис. Амбасадорката ја повтори силната поддршка на Германија на надворешно-политичките приоритети на Северна Македонија, а секако и на севкупната билатерална соработка. Нагласи дека поддршката на Германија за полноправно членство на земјите од Западен Балкан, a воедно и на Северна Македонија, во Европската Унија останува, со тоа што смета дека европското семејство мора да се проширува. Двете соговорнички искажаа заемно задоволство од исклучително добрите меѓусебни односи, интензивниот и динамичен политички дијалог и посети на високо ниво. Овој тренд е следен и со одлична економска соработка. Германија во изминатите неколку години, вклучително и претходната 2020 година, е наш најголем трговски партнер, како и земја од каде доаѓаат голем број значајни инвестиции на македонскиот пазар.
Во фокус на разговорот беа и актуелните здравствени предизвици кои произлегуваат од сѐ уште активната COVID-19 Пандемија и справувањето со истата, а во поново време и потешкотиите околу набавката на вакцини. Заменик министерката Исаки искажа благодарност за досегашните донации, како дел од германската поддршка за справување со пандемијата и директна помош на граѓаните на Северна Македонија.
Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.
Прочитај повеќе