Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Телефонски разговор Османи- Габриел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.

Османи упати честитки за именувањето на функцијата, пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка, во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји.

За време на разговорот, беше нагласена важноста на продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на Договорот за пријателство, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија.

Османи: Уште во фаза на преговори со ЕУ би ги имале сите привилегии кои ги носи интеграцијата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Топ Тема на телевизија Телма се осврна на концептот кој го промовираше во Брисел „Повеќе интеграција пред членство“. Со овој концепт кој го најави и Претседалката на ЕК Урсула фон дер Лајен, земјите од Западен Балкан кои ќе ги започнат преговорите ќе имаат низа на придобивки, пристап до фондови и голем дел од привилегиите кои ги носи целосната интеграција уште за време на преговорите. „Државите кандидати би ги имале сите привилегии пред формалното членство, а не пред самото зачленување пред ЕУ. Во Братислава на Глобсек јас го промовирав концептот повеќе интегрирање пред самото членство односно можноста за станување дел од политиките на ЕУ, пристап до фондовите, структурните и кохезивните фондови на ЕУ и влегување во единствениот пазар пред формалното влегување бидејќи формалното зачленување бара одредени процедури, затворање на поглавја. Значи ние промовираме еден таков концепт во којшто како што реков граѓаните, државата, институциите ќе ја почувствуваат ЕУ пред самото членство“ - истакна министерот Османи. Тој истакна дека овој пристап, покрај тоа што ќе обезбеди брзи придобивки кои ќе ги почувствуваат граѓаните, ќе значи и подигање на кредибилитетот на Европската унија и заштита од негативни влијанија на трети страни кои имаат за цел да го минираат процесот на интеграција на Западен Балкан.

“Бидејќи не знаеме точно кога ќе биде членството не можеме да оставиме еден вакум простор бидејќи фрустрациите на граѓаните ќе се зголемат, а од ЕУ нема понуда од конкретни придобивки што ќе ги чувствуваат граѓаните во својот џеб. Така таа фрустрација после ја злоупотребуваат трети страни создавајќи антиевропско, антизападно расположение коешто за жал го гледаме во Северна Македонија. Ние го нудиме овој модел на повеќе интегрирање пред членство за да го задржиме кредибилитетот на процесот додека трае за граѓаните да ја почувствуваат ЕУ додека преговараме со ЕУ. Тоа што претседателката Фон дер Лајен токму тоа го кажа верувам дека тоа е одговор на ова наше лобирање коешто почна од Скопје се разбира во консултација со земјите од регионот веќе дава резултати“ - заклучи министерот Османи.

Османи од Будва: Да се отвориме за можностите кои ги нуди помирувањето, дијалогот и решавањето на споровите

По министерскиот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Будва, во рамките на Тројката претседавачи со иницијативата беше одржана заедничка конференција за медиумите на министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на Владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ. При својот настап, Османи елаборираше дека под слоганот на претседавањето на Северна Македонија со ПСЈИЕ “Премостување поделби, градење доверба“ стои цврстото убедување на земјата дека најголемата закана за регионот се сè уште отворените билатерални спорови и политички блокади кои го попречуваат напредокот во европската интеграција и во билатералната и регионалната соработка, а кои лесно можат да бидат искористени од надворешни актери.   “Мое цврсто верување е дека треба да ги избегнеме овие обиди со какви било средства и да се отвориме за можностите кои ги нуди помирувањето, дијалогот, надминувањето на наследството од минатото и решавањето на споровите со разбирање, почит и заемно прифатливи решенија. Северна Македонија го следи овој пат и Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Договорот од Преспа и компромисот постигнат минатиот јули за нашиот европски пат се сведоштва за нашата посветеност на оваа вистинска европска кауза” рече министерот. “Се надеваме дека наскоро во регионот, следејќи го патот на компромисот, ќе постигнеме одржливи решенија за преостанатите отворени прашања кои ќе нѐ водат кон членство во ЕУ и испреплетениот економски раст. Ова произлегува од нашиот заеднички интерес и треба да го направиме не само без стратешко двоумење, туку со стратешка решителност” додаде Османи. Покрај овие теми, високо на агендата на претседавањето на Северна Македонија, кое почнува на 1 јули и трае година дена, ќе бидат и зацврстуваето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото и  борбата против корупцијата. Фокус ќе биде ставен и на зајакнувањето на енергетската безбедност и забрзување на декарбонизацијата, заедничкото градење трансевропски транспортни коридори, спроведување на целите за одржлив развој и дигиталната трансформација.  

Будва, 5 јуни, 2023

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе