Соопштенија до јавноста

Денес,  во организација на амбасадорот на Чешката Република, земја која тековно претседава со Вишеградската група, а согласно воспоставената пракса, се одржа работна средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорите на земјите од Вишеградската група. Во оваа група покрај Чешка членуваат и Полска, Унгарија и Словачка.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со претседателот на Европскиот комитет на Регионите Карл–Хајнц Ламбертц, кој е во посета на Република Северна Македонија на 17 и 18 септември 2019 година.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од шефот на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, Корин Јонкер.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање на отворањето на Балканскиот Донаторски Форум организиран од страна на Фондацијата Отворено Општество и нивното претставништво во Република Северна Македонија, во соработка со неколку значајни донатори од Балканот.

 

инистерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Република Австрија, Георг Вуцас, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за негово именување за амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, работната посета на Берлин ја заокружи со денешните средби со пратеникот на ЦДУ / ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Вадефул, со советникот за надворешна политика на Канцеларката Меркел, Јан Хекер, како и со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Томас Осовски, ополномошник за ЕУ и Сузане Шуц, ополномошник за Југоисточна Европа.

Денес, во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин, министерот Никола Димитров оствари низа активности и средби во насока на презентирање на македонските аргументи пред германските домаќини за добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ во октомври. 

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска престојуваше во работна посета на германската сојузна покраина Баварија. Посетата се реализира на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во баварскиот парламент.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денес во Брисел во рамките на неговата работна посета, имаше работна средба со амбасадорите на земјите-членки при Европската Унија (КОРЕПЕР), во организација на финското претседавање со Европската Унија.

 

Во рамки на посетата на Брисел, денес министерот за надворешни работи Никола Димитров, оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан и со шефот на кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, Пјотр Серафин.

 

Конзуларни услуги