Соопштенија до јавноста

Во продолжение на неговите активности во рамки на Генералната дебата на 74-тата сесија Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус.

Вчера, замeник министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ја прими на проштална средба Ана Мариа Сампаио Фернандез, вонреден и ополномоштен амбасадор на Федеративна Република Бразил за Република Северна Македонија, со седиште во Софија. 

 

 Во рамките на планираните активности за време на Генералната дебата на 74-тата сесија Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен доручек на министрите за надворешни работи од земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во организација на Косово, актуелниот претседавач со Процесот.

На маргините на настанот, денес тој учествуваше на работен доручек на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан со Мачеј Поповски, Заменик генерален директор во Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR).

 

На маргините на настанот, Министерот Димитров учествуваше на панел-дискусијата во организација на Светскиот економски форум, со работен наслов: „Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија.”

На маргините на Генералната дебата на 74-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации што оваа недела се случува во Њујорк, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со новата министерката за надворешни работи на Шведска Aн Линде. (Ann Linde)

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Хеленската Република, Димитрис Јанакакис, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за негово именување за амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија, по подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасада, на 31 мај 2019 год.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со претставници на Советот на Амбасадори.

Министерот го поздрави формирањето на Советот и подготвеноста на поранешните Амбасадори своето богато дипломатско искуство да го стават во функција на афирмација на Република Северна Македонија и нејзината надворешна политика.

Почитувани,

Во продолжение ви ја испраќаме изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во врска со одлуките на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, а во прилог ви ги испраќаме и одлуките коишто потврдуваат дека интернет порталите Инфомакс и Република го прекршиле членот 1 од Кодексот на новинари.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање пред претставниците на младинските организации кои учествуваат на Јавната дебата со работен наслов „Регионална соработка во Западен Балкан: Нов предизвик или нова можност!” која денеска се одржа во Скопје.

 

Конзуларни услуги