Соопштенија до јавноста

 Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска престојува во работна посета на Кралството Шведска. 

 

Денеска во Скопје се одржа првот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Папартис, основана согласно член 1, став 3ж, од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.

Попладнево во Скопје, министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше домаќин на делегација од поранешниот Пакт за стабилност за Југоисточна Европа предводена од поранешниот вице-канцелар на Австрија и последниот специјален координатор на ПзС, д-р Ерхард Бусек.

Скопје, 20 јуни 2019 – Денеска, на 20 јуни, се одбележува Светскиот ден на бегалците. На овој ден, светот се сеќава на тешкотиите на милионите бегалци кои се приморани да ги напуштат своите домови за да се спасат себе си и своите деца. Ова е и ден за подигање на јавната свест за придонесот што бегалците го даваат на општествата и на заедниците кои ги примаат ширум светот.

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со Мирослав Лајчак, Министер за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој на 18 и 19 јуни 2019 година е во работна посета на Северна Македонија.

 

Денеска и утре (18 и 19 јуни 2019 год.) во работна посета на Република Северна Македонија ќе претстојува Мирослав Лајчак, министер за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија Виктор Димовски на 12 јуни 2019 година во Приштина присуствуваше на церемонијата организирана по повод 20 годишнината од присуството на НАТО на Косово.

 

Денеска во Трст, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ). Со состанокот претседаваше италијанскиот МНР, Ензо Моаверо-Миланези како домаќин на министерскиот состанок во годината во која ЦЕИ одбележува 30 години од своето постоење. 

Во врска со спроведувањето на првата фаза на постапката по конкурсот за вработување  од 29.12.2018 во Министерството за надворешни работи, укажуваме дека предметната постапка се спроведува согласно Законот за административни службеници и истата ја води Агенцијата за администрација.

Утре (среда, 12 јуни 2019 година) во Трст, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

 

Конзуларни услуги