Соопштенија до јавноста

Денеска, заменикот министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, оствари средба со Сеичи Кондо, специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Јапонија за Обединетите Нации.

 

Денеска, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари средба со државната секретарка во Министерството за надворешни работи на Хрватска, Андреа Матељко Згомбиќ.

 

Денес во Охрид, Премиерот Зоран Заев и МНР Никола Димитров со утринска сесија и официјално го започнаа првиот Охридски дијалог насловен „Искористување на можностите,  креирање идни сојузници на Западниот Балкан” - стратешки дијалог кој се одржува од 24 до 26 октомври во Охрид, во ко-организација на Влада на Република Северна Македонија, Атлантскиот совет и Охридската група.

 

24 октомври 2019| Скопје – Заедничката работа за исполнување на Одржливите развојни цели не е само интегрален дел од целите, туку и единствен начин истите да се постигнат на време и да се изгради општество во кое никој нема да биде изоставен. Тоа беше во фокусот на денешното одбележување на денот на Обединетите Нации (ОН), каде претставници од агенциите на ОН, претставници од Владата, амбасадори, претставници од приватниот сектор, синдикати и луѓе од граѓанскиот сектор се собраа по повод 74 години од формирањето на организацијата.

Денеска во Охрид започна Охридскиот дијалог чиј домаќин е Претседателот на Владата на Реублика Северна Македонија Зоран Заев, а во коорганизација со Алтланскиот совет и Охридската група. Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог  за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

Информираме дека од денес (вторник, 22 октомври 2019 година), нов Државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е Зоран Попов.

Тој е професионален дипломат од 1998 година, кој најголем дел од својата дипломатска кариера во Министерството ја поминал во Директоратот за Европска Унија, а бил упатен и на мандат во Мисијата при ЕУ во Брисел. На должноста Државен секретар во МНР доаѓа од Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, каде од 2016 до 2019 год. работел како виш политички советник. Магистер е по меѓународни односи на Универзитетот Вестминстер во Лондон.

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во својство на личен претставник на претседателот на државата и официјален претставник на Владата на Република Северна Македонија, учествува на церемониите за интронизација на Императорот Нарухито што се одржуваат денеска и утре во Токио.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на работната посета на Брисел оствари засебни средби со европратениците: Михаел Галер (ЕПП, Германија), Кати Пири (СД, Холандија) и Дубравка Шуица (ЕПП, Хрватска).

 

Денес, активностите на министерот за надворешни работи Никола Димитров продолжија во Луксембург со учество на состанокот на Министрите од земји-членки на ЕУ кои се дел од групата PES (Партија на европските социјалисти), којшто се одржа непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ, а со кој претседаваше германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.

Денес, во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров за прв пат се обрати пред  новиот состав на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, формиран по европските избори одржани во мај 2019 година. МНР Димитров се заблагодари до претседавачот на Комитетот, Дејвид Мекалистер за можноста да се обрати пред срцето на европската демократија, како и на останатите европратеници за досегашната конзистентна и видлива поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Конзуларни услуги