Соопштенија до јавноста

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и  министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и 3 септември 2016 година во Братислава.

 

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во силниот земјотерсот кој го зафати централниот дел на Италијанската Република. Воедно, Министерството за надворешни работи Ве известува дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

Денес, скопјанката Гонџа Бојаџиу, позната како Мајка Тереза беше прогласена за светица. Свечениот чин на канонизација на Мајка Тереза што се одржа на плоштадот Св. Петар во Рим го предводеше Папата Франциск. Во обраќањето пред гостите, порача дека луѓето треба да бидат мудри и да го пренесат она што го правеше Мајка Тереза, а тоа е хуманоста и помошта за болните, сиромашните и изнемоштените.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ, што се одржа на 1 септември 2016 година во Потсдам, СР Германија.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи Никола Попоски денес оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Кралството Белгија во Република Македонија, со седиште во Софија, Франсоа Бонтон, на која амбасадорот Бонтон ги врачи копиите на акредитивните писма за неговото именување.

Република Македонија викендов ја зафати најголемата елементарна непогода во последната деценија. Во поплавите во Скопје животот го загубија 21 лице и над 70 се повредени. Владата на Република Македонија денес прогласи и ден на жалост.

 

Од 24 до 26 август 2016 година во Министерството за надворешни работи се одржа Работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија – Амбасадорски совет. Состанокот го отвори Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари проштална средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Бранко Раковец.

 

На покана на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски во работна посета на Република Македонија престојуваше Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски ги прими копиите од акредитивните писма од страна на амбасадорот на Бангладеш во Република Македонија, со седиште во Мадрид, Н.Е. г-дин Хасан Махмуд Кхандекер.

 

Конзуларни услуги