Соопштенија до јавноста

Амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, Александар Василевски, предаде вредна донација од 130 тома од капиталната едиција „Македонска книжевност на англиски јазик„ на Народната библиотека „Радосав Љумовиќ„ во Подгорица.

 

Попоски на УНГА

Ако краткорочното справување со мигрантската криза подразбира успешно менаџирање на границите и обезбедување хуман третман на мигрантите, долгорочното справување подразбира решавање на темелните проблеми дома, во земјите извор на мигрантските бранови. Тоа значи создавање на квалитетен образовен систем, можности за вработување, квалитетно здравство, инфраструктура , подобрување на квалитетот на животот итн. Ако луѓето се чувствуваат среќни дома, поретко би се одлучиле да мигрираат. Ова го истакна вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во неговото обраќање на тематската сесија за причините за миграција во рамки на Самитот за справување со големите движења на бегалци и мигранти на отворањето на 71-та сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денес го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија проф. д-р Милан Јазбец, кој ги предаде копиите од акредитивните писма.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес оствари проштална средба со амбасадорот на Кралствотo Мароко во Република Македонија , со седиште во Софија, г-ѓа Латифа Акрабаш.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Македонија, Кристијан Тимоније. На средбата, амбасадорот Тимоније ги предаде копиите од акредитивните писма, при што министерот Попоски му посака успешен мандат.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

 

За Македонија, иако приказната со членството во Европската унија трае пoдолго, сепак тaа претставува најдобрата гаранција за мирна и просперитетна иднина на Балканот. Ова е пораката што заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи ја испрати до колегите на панел – дискусијата за иднината на Балканот во Европската унија што се одржа во рамки на овогодинешниот Бледски Стратешки Форум во Словенија.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија денес оствари средба со амбасадорот на Република Кореја Бонам Шин.

 

Република Македонија вчера отвори Почесен конзулат во Антверпен, Белгија. За Почесен конзул на Република Македонија е именуван Рајес Леменс, претприемач со искуство во Европа, Блискиот Исток, Латинска Америка и Африка. Рајес Леменс e успешен претприемач кој ja започнува својата кариера во НР Кина, во текот на неговите студии по право и меѓународни односи. Денес, зад себе има основано и менаџирано повеќе компании во градежништво, тргување со недвижен имот, интернет трговија, консултантски услуги итн.

71 Генерално собрание на Обединетите нации

Во рамки на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан се состанаа со еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, како и во рамките на Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска. Поблиска регионална соработка и активна поддршка од членките на ЕУ и НАТО кои се наоѓаат во регионот, за целосна интеграција на земјите-кандидати беа дел од темите за кои разговараа.

Конзуларни услуги