Соопштенија до јавноста

Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и пред се претставува хуман гест. Според информациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена. Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја. Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните.

Министерството за надворешни работи ја цени и почитува работата на Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права во Обединетите нации и ја оценува како особено важна во заштитата и почитувањето на човековите права во светски размери. Сепак, во контекст на последното соопштение до јавноста во насока на непочитувањето на правата на мигрантите/бегалците од страна на Република Македонија и острата реторика искористена во истото, сакаме да потенцираме дека Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права.

На маргините на 71-то Генерално собрание на Обединетите нации, заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со Метју Нимиц, медијаторот во билатералниот спор со Грција под покровителство на ОН. На средбата беа разменети видувања за актуелното опкружување и перспективите за надминување на деценискиот спор.

Денеска во хотелот „Десарет” во Охрид, беше затворен овогодинешниот летен камп „Ја сакам Македонија - 2016“, којшто во организација на Министерството за надворешни работи се одржa од 14-ти до 21-ви август.

Листа од тројца кандидати за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур e доставена од Постојаната мисија на Република Македонија во Стразбур, до Секретаријатот на Советот на Европа. Истата е резултат на конкурентен национален процес на селекција спроведена од Комисијата за избор на судии при ЕСЧП* и советодавна одлука на Владата на Република Македонија.

Доцна синоќа во Турција, на 10 километри од Малкара и околу 40 километри до грчко-турската граница се случи сообраќајна незгода помеѓу туристички автобус во кој се превезувале македонски државјани и камион.

 

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и  министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и 3 септември 2016 година во Братислава.

 

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во силниот земјотерсот кој го зафати централниот дел на Италијанската Република. Воедно, Министерството за надворешни работи Ве известува дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

Денес, скопјанката Гонџа Бојаџиу, позната како Мајка Тереза беше прогласена за светица. Свечениот чин на канонизација на Мајка Тереза што се одржа на плоштадот Св. Петар во Рим го предводеше Папата Франциск. Во обраќањето пред гостите, порача дека луѓето треба да бидат мудри и да го пренесат она што го правеше Мајка Тереза, а тоа е хуманоста и помошта за болните, сиромашните и изнемоштените.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ, што се одржа на 1 септември 2016 година во Потсдам, СР Германија.

Конзуларни услуги