Соопштенија до јавноста

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денес го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија проф. д-р Милан Јазбец, кој ги предаде копиите од акредитивните писма.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес оствари проштална средба со амбасадорот на Кралствотo Мароко во Република Македонија , со седиште во Софија, г-ѓа Латифа Акрабаш.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Македонија, Кристијан Тимоније. На средбата, амбасадорот Тимоније ги предаде копиите од акредитивните писма, при што министерот Попоски му посака успешен мандат.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

 

За Македонија, иако приказната со членството во Европската унија трае пoдолго, сепак тaа претставува најдобрата гаранција за мирна и просперитетна иднина на Балканот. Ова е пораката што заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи ја испрати до колегите на панел – дискусијата за иднината на Балканот во Европската унија што се одржа во рамки на овогодинешниот Бледски Стратешки Форум во Словенија.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија денес оствари средба со амбасадорот на Република Кореја Бонам Шин.

 

Република Македонија вчера отвори Почесен конзулат во Антверпен, Белгија. За Почесен конзул на Република Македонија е именуван Рајес Леменс, претприемач со искуство во Европа, Блискиот Исток, Латинска Америка и Африка. Рајес Леменс e успешен претприемач кој ja започнува својата кариера во НР Кина, во текот на неговите студии по право и меѓународни односи. Денес, зад себе има основано и менаџирано повеќе компании во градежништво, тргување со недвижен имот, интернет трговија, консултантски услуги итн.

71 Генерално собрание на Обединетите нации

Во рамки на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан се состанаа со еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, како и во рамките на Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска. Поблиска регионална соработка и активна поддршка од членките на ЕУ и НАТО кои се наоѓаат во регионот, за целосна интеграција на земјите-кандидати беа дел од темите за кои разговараа.

Безбедносната состојба во Сирија, последиците од излегувањето наа Велика Британија од ЕУ, европската одбранбена соработка и справување со тековните кризи беа главни теми на состанокот на министрите за надворешни работи од трансатланското партнерство во организација на државниот секретар на САД, Џон Кери.

Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и пред се претставува хуман гест. Според информациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена. Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја. Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните.

Конзуларни услуги