Соопштенија до јавноста

На 30 јули 2014 година, во Министерството за надворешни работи, во присуство на колегиумот се одржа завршен разговор со амбасадорот Василка Попоска Треневска, пред нејзиното упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Австрија, со амбасадорот Екрем Ебиби, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Швајцарската Конфедерација, и со амбасадорот Дарко Ангелов, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Грција.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски денес го прими во проштална посета амбасадорот на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија, г-ѓа Тересита Де Хесус Капоте Камачо.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Апостолски нунциј за Република Македонија со седиште во Софија, Надбискуп Анселмо Гвидо Пекорари.
 

Поради влошувањето на безбедносната состојба и интензивирањето на вооружениот конфликт во Либија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија на своите граѓаните им советува да се воздржат од патување во оваа земја.

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими на работна средба амбасадорот на Словачката Република во Република Македонија, Мартин Безак.

 

Средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски со амбасадорот на Република Финска во Република Македонија Тимо Рајакангас
 
 

Денес, првиот амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија, беше примен од министерот за надворешни работи Никола Попоски. На средбата беше искажано задоволството од отворените разговори меѓу Министрите Попоски и Мари Меккали во Њујорк минатата година и првичниот безрезервен ангажман за акредитација на амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Норвешка во Република Македонија со седиште во Белград, Нилс Рагнар Камсвог.

 

  Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, на 25 јули 2014 година престојуваше во еднодневна посета на Република Македонија, остварувајќи средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија,Никола Попоски, пред планираните средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вице-премиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, оствари средба со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Амбасадорот Брет го честиташе изборот на новата влада посака продолжување на успешната соработка. Тој информираше за неговиот претстоен настап пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена (24 јуни), на кој ќе го презентира Годишниот извештај за работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Конзуларни услуги