Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски имаше средба со својот домаќин, министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Мирослав Лајчак и со новоименуваниот министер за надворешни работи на Република Полска, Гжегож Схетина.

На покана на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачката Република, Мирослав Лајчак, на 31 октомври 2014 година, министерот за надворешни работи Никола Попоски, учествуваше на Министерскиот состанок на Вишеградската четворка и Западен Балкан, во Братислава.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска, денеска ги прими копиите на акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Данска во Република Македонија, со седиште во Виена, г-ѓа Лиселот Плеснер.

„Австриско-македонско пријателство: Добивање датум за преговори“
Обраќање на заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска

 

На 26-ти Октомври 2014 година, беше поставен  камен-темелник на Македонската православна црква “Света Злата Мегленска” во Загреб. Пригоден говор пред присутните верници и добронамерници одржа МНР Попоски, а во име на Република Хрватска, свое обраќање имеше Претседателот на Собранието на Република Хрватска, Јосип Леко.

Денеска, 23 октомври, 2014 година, во Белград министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски заедно со заменик министерот за економија Кристијан Делев, учествуваше на Министерската конференција “Западен Балкан: Економско владеење и поврзаност“.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денес оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г-ѓа Џулија Фини.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска се сретна со германскиот пратеник од пратеничката група на ЦДУ во германскиот Парламент, г. Јохан Вадефул, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја.

 

Денеска, генералниот секретар на Централно Европската Иницијатива, Амбасадорот Џовани Карачиоло Ди Виетри, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.

 

Денеска, во рамките на прославата на 20 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, оствари средба со Марија Луиза Рамос Урзагасте, амбасадор на Повеќенационалната Држава Боливија, со седиште во Руската Федерација.

Конзуларни услуги