Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Берлин, во рамки на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, се сретна со германски сојузен министер за економска соработка и развој, Д-р Герд Милер.

 

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во присуство на колегиумот, одржа завршен разговор со Сашо Ташевски, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати.

 

Денес во Министерството за надворешни работи, се одржа завршен разговор со д-р Илија Псалтиров, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Македонија во Република Казакстан. Разговорот во присуство на Колегиумот на МНР, го водеше Заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс, престојуваше во еднодневна официјална посета на Република Македонија, остварувајќи средби во Охрид со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Попоски како и со ПРМ, Ѓорге Иванов и со ПВРМ, Никола Груевски.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, денес оствари проштална средба со Н.Е. г-дин Марули Туа Сагала, пред неговото заминување од функцијата Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија во Република Македонија, со седиште во Будимпешта.

Вечерва, министерот за надворешни работи, Никола Попоски се обрати на младите учесници од повеќе земји, кои зедоа учество на меѓународна програма на Институтот за создавање на глобални лидери, која и овој пат се оддржа во Македонија.

 

Денес, заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска го прими новоименуваниот амбасадор на Државата Израел во Република Македонија, со седиште во Ерусалим Н.Е. Дан Орјан.

 

Денеска, во 11 часот во хотелот “Десарет”, во Охрид, заврши Летниот камп 2014 “Ја сакам Македонија”, во организација на Министерството за надворешни работи. На истиот учествуваа 100 деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседните држави на Република Македонија, балканските земји и дијаспората.

Во рамките на проектите реализирани од страна на Министерството за надворешни работи, е и Летниот камп – 2014 “Ја сакам Македонија”. 

 

Денес, Заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска оствари средба со Шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, Амбасадорот Теохарис Лалакос.

 

Конзуларни услуги