Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во својство на шеф на македонската делегација на НАТО Самитот во Кардиф, се обрати на состанокот на земјите контрибутори во Мисијата ИСАФ во Авганистан.

 

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска денес во проштална посета го прими Роман Вашчук, амбасадор на Канада за Република Македонија, со седиште во Белград.

 

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го прими на проштална средба амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Фернандо де Галаинена.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на Бледскиот Стратешки Форум.

 

 

На 02.09.2014 година, во Организацијата за забрана на хемиско оружје-OPCW, амбасадорот Игор Попов ги предаде оригиналите од креденцијалите од министерот за надворешни работи Никола Попоски до Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје, Ахмет Узумчу.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, го прими спикерот на Претставничкиот Дом на Парламентот на Канада, Ендрју Шир, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

 

Министерот Попоски денеска оствари средба со специјалниот претставник на германското министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, др. Ернст Рајхел, кој се наоѓа во дводневна посета на земјава.

 

Владата на Република Македонија денес ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во нејзиниот случај против Грција.

 

 

Средба на министри за надворешни работи,Конференција за западен Балкан,Берлин

 

 

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Берлин, во рамки на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, се сретна со германски сојузен министер за економска соработка и развој, Д-р Герд Милер.

 

Конзуларни услуги