Соопштенија до јавноста

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан заменик амбасадорот на САД во Република Македонија,

 

 

Денеска, 19 септември 2014 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа Каранза.  

Денес, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се одржа завршен разговор со д-р Васко Наумовски, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Соединетите Американски Држави.Разговорот го водеше министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го прими директорот за Западен Балкан и проширување во Британскиот Foreign Office, Овен Џенкинс.

 

На 15 септември 2014 година министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со членовите на одделот одговорен за Македонија во рамки на Генералниот директорат за проширување во Европската комисија, придружени од амбасадорот на Европската унија во Република Македонија.

Првиот потпретседател на Владата на Република Србија и Министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ на покана на министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Попоски на 15 септември оствари еднодневна официјална посета на Република Македонија.

 

По повод одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија, денес во просториите на Министерството за надворешни работи, и во соработката со Амбасадата на Кралството Белгија во Софија, се организираше културен настан – изложба на анимирани цртежи од еден од најпознатите белгиски карикатуристи, Марк Слин.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Ѓурол Сокменсуер. Министерот Попоски се осврна на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција, изразувајќи задоволство од личниот придонес на Амбасадорот во градењето на позитивна атмосфера во соработка во текот на неговиот мандат во Република Македонија.

По повод претседавањето на Република Македонија со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, денес во Министерството за надворешни работи се оддржа заедничка средба на министрите за надворешни работи и здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров со дипломатските претставници од земјите учеснички во овој процес.

Конзуларни услуги