Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп. Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, министерот Димитров изрази увереност дека во текот на мандатот на амбасадорот Јан Коп, односите и соработката меѓу двете пријателски земји натамошно ќе се продлабочуваат.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форшгрен Бенгтсон, која му ги предаде копиите на акредитивните писма.

 

На вториот ден од Бледскиот Стратешки Форум, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на панелот насловен „Западен Балкан - европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој се осврна на нужноста од забрзана европска интеграција на Северна Македонија и регионот, како заедничка стратешка определба.

 

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на маргините на Бледскиот Стратешки Форум остварија средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска на почетокот од 14-от Бледски Стратешки Форум оствари билатерална средба со домаќинот Миро Церар, министер за надворешни работи на Република Словенија, на која беа потврдени традиционално блиските и пријателски односи меѓу двете земји.

 

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров вчера и денес во Хелсинки учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.

Денеска, во Хелсинки, во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидис, го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Баришиќ.

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обрати на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје.

 

На првиот ден од тематскиот Амбасадорскиот совет „Европската перспектива на Република Северна Македонија“ кој во организација на Министерството за надворешни работи се случува денес и утре,  беа одржани работни сесии на министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на државата, Стево Пендарвоски и претседателот на Собранието, Талат Џафери со амбасадорите на Република Северна Македонија акредитирани во земјите-членки на ЕУ, на кои се дискутираа сите аспекти релевантни за остварување на целта - одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ во октомври, како и активностите кои ќе следат по истата.

Конзуларни услуги