Соопштенија

Соопштенија до јавноста

По повод одбележувањето на националниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денес, по 23-ти пат го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб Евросет во Скопје. 

 

Северна Македонија ја поздравува конзистентната поддршка на Република Бугарија за проширување на Европската Унија кон земјите на Западен Балкан. Исто така, сметаме дека почитувањето на Договорот за добрососедство од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вчера вечер во Штип, учествуваше на панел дискусија насловена „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО“ која се одржа во рамки на „НАТО Караванот“, во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции. На панелот, покрај министерот Димитров, зборуваше и амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри.

 

Денеска, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ја прими Патрициа Ди Џовани, новоназначен  претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. Во оваа прилика г-ѓа Ди Џовани на ЗМНР Жерновски му ги предаде копиите од акредитивните писма.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на НР Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

 

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше воведно обраќање на конференција во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, а под закрила на заедничките активности на Европската Унија и Советот на Европа за земјите од Западен Балкан, во рамките на регионалниот настан посветен на имплементација на втората фаза на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во МНР се обрати пред младите дипломати од земјите од Регионот, учесници на Регионалната школа за дипломатија. Говорејќи на тематскиот панел: „Дипломатските искуства и научените лекции од преговорите за Договорот од Преспа и меѓународните перспективи“, министерот Димитров се осврна на предизвиците во процесот на преговори и придобивките од постигнатиот договор со Грција. Посочи дека на финалниот договор му претходеле многу предизвици, за чие надминување било потребно трпение, мудрост, храброст и визионерство од двете страни.

Денес во официјална посета на Република Северна Македонија, престојуваше сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денес оствари средба со  вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, г-ѓа Кристин Форшгрен Бенгтсон.

Конзуларни услуги