Соопштенија

Соопштенија до јавноста

На 7 јуни 2019 година, во Скопје, се одржа Седмиот состанок на Постојаната мешовита комисија за граници со Република Грција.

 

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска престојуваа во работна посета на Париз.

Денеска во министерството за надворешни работи, заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, оствари средба со Делегација на Одборот за европски работи на Саборот на Република Хрватска, предводена од претседателот на Одборот, Домагој Милошевиќ, кои престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија во периодот 4-6 јуни.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и делегација на Владата на Република Северна Македонија, вчера на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет кој денес во нашата земја ќе го одржи својот редовен состанок со теми од програмата за работа на советот.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамките на работната посета на Кралството Белгија, денеска, остварија средба со  Дидие Рејндерс, заменик претседателот на Владата и Министер за надворешни и европски прашања.

 

Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Хеленската Република, денеска разменија ноти, со кои, согласно членот 10 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, се подига нивото на Канцеларијата за врски во Атина на ниво на Амбасада на Република Северна Македонија, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун на ниво на Генерален конзулат, а истовремено, Канцеларијата за врски во Скопје се подига на ниво на Амбасада на Хеленската Република, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на работната посета на Република Италија, остварија средба со министерот за надворешни работи, Енцо Моаверо Миланези, како и со Претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучано Далфонсо.

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, оствари средба со известителите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Лиза Кристоферсон и Валериу Гилечи, кои престојуваат во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.

На 29 и 30 мај 2019., во Министерството за надворешни работи, се одржа дводневна работилница „Симулација на меѓународна конференција“ на француски јазик, наменета за државни службеници.

На покана на британската академија на науките „Royal Society” од Лондон и германската национална академија на науките Леополдина, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, беше главен говорник на „5-тата Заедничка научна конференција - Западно балканските процеси”, која денес и утре се одржува во Лондон.

 

Конзуларни услуги