Најнови вести

На 4 и 5 јули во Познан, Полска, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на шестата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан (Самит) под покровителство на полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Конференцијата се организира во рамките на полското претседавање со „Берлинскиот процес“,  кој во 2014 година беше инициран од германската канцеларка Ангела Меркел.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денес оствари средба со  помошникот на генералниот секретар на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици, Антонио Мисироли, кој е во посета на земјата по повод состанокот посветен на настанот за промоција на „Дигитализација на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за управување со кризи и поддржан од програмата на НАТО – Наука за мир и Безбедност (SPS).

На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров,  денеска во Софија учествуваше на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка.

Денеска во Скопје, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во улога на говорник учествуваше на трибина "#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа", а на покана на Член 1 – Институт за глобални политики и право.

 

На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска економска соработка, утре (петок, 28 јуни 2019 година) во Софија, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, ќе учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка.

Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде денеска престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

 

 Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска престојува во работна посета на Кралството Шведска. 

 

Денеска во Скопје се одржа првот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Папартис, основана согласно член 1, став 3ж, од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.

Попладнево во Скопје, министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше домаќин на делегација од поранешниот Пакт за стабилност за Југоисточна Европа предводена од поранешниот вице-канцелар на Австрија и последниот специјален координатор на ПзС, д-р Ерхард Бусек.

Скопје, 20 јуни 2019 – Денеска, на 20 јуни, се одбележува Светскиот ден на бегалците. На овој ден, светот се сеќава на тешкотиите на милионите бегалци кои се приморани да ги напуштат своите домови за да се спасат себе си и своите деца. Ова е и ден за подигање на јавната свест за придонесот што бегалците го даваат на општествата и на заедниците кои ги примаат ширум светот.

Конзуларни услуги