Најнови вести

Самит на Франкофонија во Дакар, Сенегал

Форум со одлична можност за промовирање на главните столбови на долгорочната македонска надворешна политика:

1.    Меѓународен поредок темелен на основа на човекови права и демократски принципи
2.    Отворена економска соработка и развој

Франкофонијата нуди можност за отворање на долг рок кон африканските земји со оглед на тоа што се работи за континент со најголем економски и демографски потенцијал во следната деценија.

Никола Попоски

Шеста Министерска конференција за Југоисточна Европа на Институтот “Аспен“

Германија и Британија сакаат да помогнат за обединет Балкан во ЕУ.

Според учесниците во Берлин, Балканот изгледа подобро денес отколку пред десетина години. Има реална интеграција помеѓу земјите и приближување кон ЕУ.

Не треба да сме наивни дека работата е завршена, бидејќи:

1. Ќе се очекуваат повеќе реформи од порано.

2. Ќе има радикали кои ќе си бараат простор за радикални агенди.

3. Ќе има отпор во јавното мнение во ЕУ.

4. Ќе има обесхрабрени кандидати за членство.

Сето ова ќе треба да се надминува во следните неколку години.

Никола Попоски

Братислава, Вишеградска група и WB6, поенти:

- Вишеградските земји сакаат партнерски односи со Балканските, не проповеднички. Треба тоа искрено да го цениме.

- Доколку бевме идеални земји, немаше воопшто да ни треба членство во ЕУ. Но, не сме.

- Во ЕУ имаме најдобри можности за развој.


Никола Попоски

Во ноември, во Берлин, заедно со германскиот и британскиот колега Штајнмаер и Хамонд ќе разговараме за нашиот регион. Средбата ќе биде на линија со Берлинската и најавената Виенска конференција догодина. Посебно внимание ќе посветиме на поттик на економиите, прекуграничната инфраструктура и евроинтеграциите.

За нас е многу битен покажаниот германско-британски интерес за иднината на југо-источна Европа.

Никола Попоски

Чешко-македонските односи се на одлично ниво.

Посветени сме најмногу да ја издигнеме соработката за бизниси и инвестиции, но и во образование, здравство и култура.

Чешка воедно е и силен поддржувач на интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Значаен им е кредибилитетот на интеграциите, кој во Македонија е сериозно нарушен со непринципиелните блокади.

 

Никола Попоски

Македонско-Грчки односи

“Планините си стојат околу наметнатиот спор. Бараме околу нив клисури за соработка. Права и сила, не секогаш одат заедно. Во македонско-грчките односи тие се судруваат“.

“Но постојат и заеднички интереси за проекти и соработка кои ќе ни помогнат да напредуваме и да ја премостуваме големата недоверба која постои меѓу нас. Тоа и одговара на Грција, за да одврати внимание од штетата што ни ја нанесува со блокадите, економската и политичката. Тоа е помалку штетно и за Македонија, отколку алтернативата да немаме никакви допирни полиња со југот. ”

“Во однос на процесот во ОН, резултатот зависи исклучиво од посветеноста и интересот на тој што го наметнал и оној на кого е наметнат спорот. Во тој момент, никој нема дилема дали соседите на југот се посветени на решение. Да не говориме пак, колку размислуваат на меѓународното право и поредокот.”


Никола Попоски

„Можеби помалку е апсурдно што во нашиот случај правото очигледно не доминира во носењето на политички одлуки за членство.”

„Самитот во Букурешт е политичка реалност. Не можеме да ги игнорираме последиците на одлуките.”

„Одлуката на МСП во Хаг е правна реалност. Не може ни таа да се игнорира, ако сите заедно веруваме дека владеењето на правото е нашата главна цел.”

„3200 македонски војници во мисии кои ги бранат заедничките вредности, тоа е реалноста.

„ Не треба да ја занемариме ако сакаме кредибилно партнерство и долготраен мир„.


Никола Попоски

Берлин следното утро:

Интересот на Германија е кислород за регионот, особено по наплив од скепса кон ЕУ, уште повеќе кон проширена ЕУ.

Има согласност дека ЕУ нема да прима нови членки оваа деценија. Но постои свест дека оставање на Балканот сам со себе не е најдобро решение и носи ризици.

Понудата е реформи, инфраструктура и борба за раст... со поддршка од дистанца на Брисел, и интерес од Берлин, Виена, Париз... При пристапност на фондовите меѓу земја кандидат и ЕУ член во однос 1:6, ќе треба да сме прилично снаодливи. Во пракса јасно е дека резултатот ќе зависи од нас самите во регионот!

Покрај предизвикот еден колега имаше добра поента: ЕУ е сеуште попопуларна по Балканот, отколку во самата ЕУ... мора да има причина


Никола Попоски

Се согласуваме со Петерле: Европската комисија најави петгодишна пауза, треба да се употреби времето да се биде целосно подготвен за членство. Но, кога ние ќе бидеме подготвени, овој пат ЕУ исто така да бидe подготвенa.

 

Никола Попоски

Унгарија отвори трговска куќа во Македонија: силен поттик за соработка и можности за македонските бизниси на овој пазар. Во најава се отвора можност за дополнителни гарантни кредити за унгарски партнери при зделки помеѓу компании од двете земји.                                                                                                                              
Никола Попоски

Конзуларни услуги