Најнови вести

Заменик - министерот за надворешни работи на Република Македонија Андреј Жерновски, оствари средба со Мирослав Томан, вонреден и ополномоштен амбасадор на Чешката Република во Република Македонија.

 

Врз основа на член 32 став 1 алинеја 7 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните ("Службен весник на Република Македонија", бр. 81/2005), а во врска со член 31 од Изборниот законик ("Службен весник на Република Македонија", бр. 40/06, 136/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18 и 138/18), Одлуката на Собранието на Република Македонија за распишување на референдум на државно ниво, бр. 08-4666/1 од 30.07.2018 година, објавена во "Службен весник на Република Македонија", брoj 140 од 30.07.2018 година, Државната изборна комисија на ден 06.08.2018 година го донесе следниот

ЈАВЕН ПОВИК за распишување на Референдум на државно ниво, 30 септември 2018 година

referendum

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на 6 август 2018 година, оствари средба со претставници на ОДИХР, кои ја сочинуваат мисијата за проценка на потребите за испраќање на набљудувачка мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР на претстојниот референдум во Македонија, на 30-ти септември 2018 година.

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска оствари средба со Фолкмар Клајн, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ. Министерот Димитров изрази посебна благодарност за исклучително силната и активна поддршка на Берлин во однос на трасирањето на нашиот европски пат и почетокот на пристапните преговори со НАТО и значајната улога што германскиот Бундестаг ја зазема во таа насока. Димитров го информираше својот соговорник и за актуелната ситуација во државата, текот на реформските процеси и чекорите што претстојат за имплементација на постигнатиот Договор за решавање на билатералниот спор со соседна Грција.

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров оствари проштална средба со амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков.

 

Денеска, на покана на Карин Кнајсл, министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија и актуелен претседавач со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, присуствуваше на свеченото отворање на проминентниот Салцбург фестивал во својство на специјален гостин. Покрај Димитров, присуствуваа и претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса, и премиерите на Република Чешка, Андреј Бабиш, и Естонија, Јури Ратас, како и специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стaфан де Мистура.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, во Вашингтон учествуваше на Министерската конференција за унапредување на верските слободи, чиј домаќин беше државниот секретар на САД, Мајкл Помпео.

 

На 16 јули 2018 година, министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

 

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денес на првиот ден од работната посета на Вашингтон, оствари средби во Белата куќа, во Конгресот, и во Атлансткиот совет на САД. Во Стејт департментот присуствуваше на прием за шефовите на делегации во чест на отворањето на Министерската конференција за унапредување на верски слободи, чиј домаќин е државниот секретар на САД, Мајкл Помпео.

Во рамките на агендата на посетата на делегацијата на НАТО, предводена од Џејмс Мекеј, Директор на Евро-атлантско и глобално партнерство во одделот за политички и безбедносни прашања во штабот на НАТО во Брисел, денеска е одржана работна средба со работна група составена од експерти од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, од Министерството за одбрана, од Министерството за надворешни работи, од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за правда, од Министерството за финансии и од Министерството за информатичко општество и јавна администрација, што ја предводеше Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО, а го придружуваше и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски

Конзуларни услуги