Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, г-ѓа Наталија Задорожњук, потпишаа Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји.

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес се сретна со новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, која му ги предаде копиите на акредитивните писма за нејзино именување за амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

 

Денеска во Лондон, на вториот ден од Меѓународната конференција за слобода на медиумите, во име на Република Северна Македонија, министерот за надворешни работи Никола Димитров ја потпиша Глобалната заложба за слобода на медиумите, со којашто земјите се обврзуваат да работат заедно во заштитата на слободата на медиумите.

 

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

 

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија составена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре престојуваат во работна посета на Лондон.

 

На 8 и 9 јули, во Високите Татри  во организација на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ОБСЕ, на кој учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 

На 4 јули 2019 година во Палатата на Обединетите нации во Женева, се одржа пленарна сесија на Советот за човекови права на која се усвои одлука за исходот на третиот универзален периодичен преглед на човековите права во Република Северна Македонија.

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ, оствари средба со претседателот на Владата на Република Франција Едуар Филип.

 

Денес и утре (4 и 5 јули 2019 год.), министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Познан учествува на шестата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес со кој оваа година претседава Полска.

 

Во однос на изнесените невистини поврзани со здравственото осигурување на вработените во Министерството за надворешни работи, би сакале да ги истакнеме следниве факти.

 

 

Конзуларни услуги